Канадската огранизација "СОС детски села", го користи името Северна Македонија и Северномакедонци, при што реакции има само од македонската дијаспора но не и властите

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 14:17

За Канада сме Северна Македонија и Северномакедонци

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Канадската организација “СОС детски села” од денес на својот официјален интернет портал ја промовираат и хуманитарната цел СОС детско село – спонзорирај дете во Северна Македонија.

И тоа не е се. Во описот на државата и уредувањето, географските појаснувања и кратката биографија, секаде стои дека ова е држава која се именува како Северна Република Македонија а нацијата е Северномакедонска.

Ова беше повод за беше повод за реакција на Глобалното македонско движење “Ние сме Македонија” кое ги повика Македонците низ светот да реагираат на користењето на името за државата според Dоговорот од Преспа.

Повик за акција!

Почитувани Македонци ширум светот потребни сме и овојпат за брза акција по повод проектот на @SOS Children Villages Canada наречен “Спонзорирај дете во Северна Македонија, Северномакедонче”

За да бидат нештата појасни, не ја критикуваме целта на проектот, напротив ја поздравуваме, но бараме веднаш да се корегира наславот во “Спонзорирај дете во Македонија”.

Линкови за комуникација:

Емаил: info@soschildrensvillages.ca
ФБ: @SOS Children’s Villages Canada
Твитер: @SOSCV_Canada

Ве охрабруваме и Вие да се приклучите на повикот за акција со испраќање емаил, порака на ФБ или Твитер.

линкот на канадската хуманитарна организација “СОС детски села” во кој сме заведени како Северна Македонија и Северномакедонци

*По реакцијата на голем број Македонски државјани од Македонија и дијаспората, организацијата го корегираше името и националниот идентитет на нашата држава, но сега почна да не ословува како ФИРОМ што никогаш не било пракса.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица!

Нови мерки: Полициски час од полноќ, се отвораат фитнес центрите и теретаните

Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги...

За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.

Европска агенда на Заев: Работни посети на Брисел, Мадрид и Атина, прва посета на кралството Шпанија на премиерско ниво

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, од вчера ги започна европска...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека нашиот единствен пат е кон Европската Унија, која мора повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина бидејќи Зоран Заев не е Македонија туку Македонија е народот кој си има европски вредности.

Мицкоски: Нашата европска иднина е загрозена од секој криминален тендер

Христијан Мицкоски во денешното обраќање во Прилеп посочи дека ја живееме денешната...

Датум, впишан со златни букви во историјата на напредна Европа, како датум за паметење на милионите жртви. Датум за чествување на големото дело на прогресивните сили со кое беше поразено најголемото зло - фашизмот, кој по Втората светска војна зад себе остави ужас и рушевини на нашиот континент и во светот.

Нашиот природен дом е Европската Унија меѓу просперитетните европски нации

Денеска одбележуваме еден голем датум за два крупни настани во историјата на Европа...