
Свет
Косово
На состанокот кој се одржа во Вашингтон со претставниците од Косово и претставници од Американскиот национален совет, за малку фалеше да дојде до тепачка помеѓу Хашим Тачи и премиерот Харадинај.
Помеѓу приштинските политичари Хашим Тачи и Рамуш Харадинај изби жешка караница, која за малку не се претвори во тепачка на состанокот со високите претставници на Американскиот национален совет за безбедност.
Ситуацијата толку многу ескалирала што за малку ќе се претворила во голем скандал.

Иако тоа не беше ни место ни време за лични препреки, двајцата бивши борци од терористичката група ОНА, кои во караница влегле и поради таксите за Србија, не ги спречи тоа што американските делегации Џон Ерат и Вилијам Беркли, останаа зачудени од нивите постапки, при тоа што тие станале од столиците во кои седеле и почнале да зборуваат и доближуваат лице до лице.
Провокациите како што пишува косовскиот Зери, прв ги започнал косовскиот претседател Хашим Тачи, кои зборел се најлошо за премиерот Харадинај, и потполно го игнорирал неговото присуство во салата.
Тој оценил дека некој кој е антиамерикански насочен не може да се почитува и поради неговите изјави, Харадинај ќе ги уништи односите помеѓу САД и Приштина. Тоа Харадинај потполно го разбеснило и почнал да зборува уште поголеми навреди за претседателот.
До врв на ситуацијата дошло кога Харадинај рече дека поради своите проблеми, воопшто не е замислен за иднината на државата. Додаде дека тој единствено се нервира за себе, бидејќи се плаши од Специјалниот суд.
Тоа го изнервирало претседателот на Косово Хашим Тачи, и малку фалело да дојде до тепачка на тоа место.
Американците останале буквално занемени поради ваквата ситуација, пишуваат косовските медиуми.
После овој скандал опозицискиот пратеник Илир Деда, рекол дека Американците ги замолиле да не износуваат детали од состанокот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.