Ангела Меркел со безрезервна поддршка за Договорот од Преспа

Објавил: Сања Кукиќ | 11 јануари, 2019 9:04

За Меркел веќе сме ,,Северна Македонија”

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Додека Заев мака мачи да обезбеди 2/3 мнозинство во Парламентот, за Меркел таа работа е завршена. При посетата на Грција и по средбата со Ципрас, таа нашата земја ја условуваше со Северна Македонија.

Вниманието на грчките медиуми по средбата на Ангела Меркел со Алексис Ципрас го монополизираше ставот на германската канцеларка во однос на Договорот од Преспа,  решението меѓу Македонија и Грција била една од главните теми на разговорите во премиерската палата во Атина.На прес-конференцијата по средбата со Ципрас, Меркел го користеше името Северна Македонија за нашата земја и рече дека Договорот од Преспа не носи придобивки само за Северна Македонија која може да стане членка на НАТО и ЕУ, туку е во корист и на Грција и на цела Европа.

Германската канцеларка во Грција e во дводневнан посте на на Грција, а ќе води разговори со грчкиот премиер Алексис Ципрас, како и со претседателот Прокопис Павлопулос и опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис. Освен тоа, Ангела Меркел ќе има заеднички појадок со претставници од културата, науката, економијата и публицистиката во Грција, а ќе посети и германско училиште во Атина и ќе положи венец на Гробот на незнајниот јунак на плоштадот Синтагма.

-Благодарна сум на Алексис Ципрас, кој работеше на решавање на долгогодишното прашање за името, обидувајќи да најде решение заедно со премиерот на соседната земја, господинот Заев. Мислам дека овде станува збор за нешто за кое секој од нас знаеше дека нема да доведе до лесно решение, но сега со името Северна Македонија за сите нас и овде говорам во име на Германија, се создава јасност и ѝ дава можност на Северна Македонија да може да стане член како на НАТО, така и на Европската унија. Но, ова не е добро само за Северна Македонија, туку е добро и за самата Грција, рече Меркел и му честиташе на Ципрас за решителниот чекор „кој не е во корист само за Северна Македонија и Грција, туку и за цела Европа“.

Грчкиот премиер од своја страна рече дека Договорот од Преспа може во иднина да биде модел за решавање на спорови.

Германската канцеларка, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тврдењата на лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис за размена на договорот за името со пензиите, рече дека „не постои никаква врска меѓу активностите за прашањето за името и прашањето за економските реформи“ и додаде дека е изненадена што требала да споменеме нешто такво.

-Секако дека ќе постојат различни ставови и секако јас нема да се вмешам во различните планови на политичките партии во Грција. Јас, едноставно би сакала да го пропагирам крајот на прашањето со името. Ќе разговарам со Мицотакис без да сакам да дадам голема вредност на мојата улога, но верувам дека ова што се случува, решението на името ќе биде во корист на Северна Македонија, на Грција, но и на Европската унија. Длабоко сум убедена за ова, истакна Меркел и додаде дека онака како што целото прашање го поставила на прес-конференцијата ќе му го претстави и на Мицотакис на нивната денешна средба, но смета дека нема да може да влијае и да ја смени ситуацијата само затоа што говорела како канцеларка на Германија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Одново почна судењето за случајот „Триста" против поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски

Кацарска до Поповски: Сопругата да не ургира преку мои пријатели за пресудата

Денеска во Кривичниот суд во Скопје одново почна судењето за случајот „Триста”...