На овој ден Гаврил се јави во архангелска светлина и ѝ рекол на Марија дека е одредена од Бога да го роди Спасителот. Во чест на таа блага вест што ангелот и ја пренесол на Света Дева Марија, црквата го востановила празникот Свето Благовештение, што се празнува точно девет месеци пред Божик.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 април, 2020 10:06

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска е Благовец- празникот на мајките!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Свето Благовештение попознат како Благовец — христијански празник. Се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април.Неговото народно именување е Благовец, Благоец, Блошчојне, Благостене, Благовден, Половина Велигден, Блошчење, Кукувден. Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвета Богородица.

Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка, но и со самиот Исус Христос и затоа се смета за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил – зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка. Овој ден се смета и за ден на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка, но и со самиот Исус Христос и затоа се смета за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил – зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка. Овој ден се смета и за ден на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

На овој ден Гаврил се јави во архангелска светлина и ѝ рекол на Марија дека е одредена од Бога да го роди Спасителот. Во чест на таа блага вест што ангелот и ја пренесол на Света Дева Марија, црквата го востановила празникот Свето Благовештение, што се празнува точно девет месеци пред Божик.
Легендата вели дека еднаш кога покрај прозорецот Света Дева Марија го читала Светото писмо, во книгата на пророк Исаија прочитала дека „Девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му го дадат името Емануел”, возбудено помислила дека кога би знаела која е таа девојка би и служела до крајот на животот. Во тој момент до неа долетал ангелот Гаврил кој и соопштил дека таа е девојката одредена од Бога што ќе го роди Спасителот: „Радувај се благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените; и ете ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш син и ќе го крстиш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече син на Севишниот и ќе му го даде Господ Бог престолот од неговиот татко Давида и ќе царува над домот Јаковов секогаш и царството негово нема да има крај“.
Поради тоа, Благовец е благ ден. Тогаш се верува дека и раната не боли. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот и други. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. Исто така, се верува дека ако наутро гладен како што се вели на гладно срце слушнеш некоја од овие птици ќе те разбие и не ќе имаш напредок во годината. Затоа луѓето веднаш по станувањето каснувале барем еден залак леб. На Благовец саделе тикви зошто верувале дека тиквите садени на овој ден ќе бидат многу благи. Во некои краишта, овој ден се поврзува со излегувањето на змиите од дупките при што се верува дека змиите никогаш не касаат на Благовец.
Во Радовишко ако луѓето ја чуеле кукавицата откако нешто ќе каснеле сметале дека тие ја „пребиле“ па три пати ќе и викнеле: „Чух те -пребих те”. Во Дебарца ако некого го разбила кукавицата на Благовец, тој и враќал на Ѓурѓовден, кога ќе излезел пред сонце над селото и три пати ќе и викнел: „Куку, куку, кукајце, кукајце, ти мене ме разби, сега јас те разбив“…. Во Тетовско на овој ден на девојчињата им се дупнуваат ушите и се ставаат првите обетки. Според верување, со ова се намалува болката, т.е. таа е блага.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска одржаа прес-конференција и ги објасни деталите за распишаниот повик за субвенции на инвертер клима уреди!

РАСПИШАН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ НА ИНВЕРТЕРИ (АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ СЕ ВРШИ САМО ОНЛАЈН)

Град Скопје вчера го распиша јавниот повик за субвенции на инвертер клима уреди за...

Станува збор за опомена пред поднесување на тужба за клевета. Според закон, мора првин да се испрати опомена, пред да се поднесе тужба. Мене не ми е јасно според мене е недозволиво, обвинител, па сега и судија да се ставаат во предизвоборна политичка кампања.

Рускоска за ТВ21: Испратив опомена пред тужба до ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителката Вилма Рускоска до партијата ВМРО-ДПМНЕ испратила опомена бидејќи таа...

Тој вели дека народот не ја дозна вистината, затоа што сето тоа било едно големо сценарио, една голема лага, само за Заев да ја претстави власта како монструозна и брутална за да ги добие гласовите од граѓаните и потоа да и направи на Македонија сето она што и го направи. Продавање на идентитет, име, економски колапс и што уште не.

Јакимовски: Убиствата на Младенов, Нешковски, Смилковско беа големо сценарио на Заев за добивање гласови, граѓаните беа излажани, а вистината не ја дознаа

Зошто и ден денеска не се расчистуваат убиството на Никола Младенов и на Мартин Нешковски,...

Во својот говор вчера, лидерот на ДУИ Али Ахмети се осврна на дејноста на македонскиот револуционер Гоце Делчев и кажа дека треба да се следи неговиот пример, бидејќи тој соработувал со албански патриоти и заедно работеле со Македонците, за да ги решаваат проблемите на младите

Ахмети: Следете го примерот на Гоце Делчев- тој соработуваше со албанските револуционери!

На вчерашната трибина во Скопје, албанската партија ДУИ продолжи да ја промовира својата...