Овој голем празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај- Мирликискиот чудотворец секогаш се слави на 22 мај.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2020 10:15

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска е летен Свети Никола!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска православните верници го слават Свети Никола летен, денот кога моштите на овој чудотворец се пренесени од Мир во Бар.

Овој голем празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај- Мирликискиот чудотворец секогаш се слави на 22 мај.

За време на пренесувањето на светите мошти, се случиле многу чуда. Исцелување на болни, куци и слепи, глуви и беспомошни.

На 26 август 1071 година Византија на чело со Роман IV (владеел во периодот од 1068 – 1071 година) била поразена во битката кај Манцикерт во Мала Азија, со селџуците предводени од султанот Алп Арслан. Битката завршила со пораз на византијците а Роман IV бил заробен. После оваа битка Византија привремено ја губи контролата врз поголемиот дел од Мала Азија. Византијците ја повратиле на кратко контролата врз Мала Азија за време на Алексеј I Комнин. Во тоа конфузно време некои морнари од Бари ги земале моштите на светецот од неговиот гроб во дворот на црквата во Мира и покрај негодувањата на тамошните православни монаси. Моштите биле пренесени во Бари на 9 мај 1087 година, каде се наоѓаат и ден денес. Постојат повеќе верзии за овој настан. Според некои кажувања одземањето на моштите било сметано како грабеж, според некои кажувања моштите биле земени откако Свети Никола се јавил на сон на некој свештеник од Бари и му наредил неговите мошти да бидат пренесени во Бари, Италија, кој во тоа време бил православен град под православен патријарх. Со текот на времето, делови од моштите биле разнесувани низ целиот свет. Денес во Бари постојат две цркви во негова чест, една католичка една православна.

Тоа, многу верници велат дека се случува и денес, кога му се молат на овој светец кога ќе се најдат во неволја или боледуваат од некоја болест.

Сметан за светец додека е сè уште жив, смирен и искрен, тој им помагаше на сиромашните, тајно правејќи добротворни цели. Тој се смета за заштитник на деца, учени луѓе, трговци, морнари, патници …

Многумина го слават како куќна слава.

Иако календарски не припаѓа на лето, поради најчесто убавото време кога паѓа овој празник, во народот се нарекува и летен Свети Никола.

Најчесто се споменува како Свети Никола го вратил погледот кон слепиот српски крал, Свети Стефан Дечани.

Бидејќи се смета за голем празник денес не треба да работите домашни работи. На некои места, како за зимскиот Свети Никола така и денес, на децата им се дава подароци. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.