Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 декември, 2019 8:40

За многу години: Денеска се празнува посен Св. Ѓорѓија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Нова Македонија

Денеска се празнува големиот празник посветен на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец. Ова е посна слава бидејќи паѓа во деновите на божиќниот пост.

Денеска именден празнуваат Горѓи, Горѓија, Георгина,Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др….

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.

На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. Приказот на свети Ѓорѓија како ја убива ламјата е заснован на попууларна легенда во христијанската митологија.

Георги во својата дваесетта година го стекнал чинот трибун и како таков служел при царот Диоклецијан. Кога овој цар започнал гонење на христијаните, Георги истапил пред него и одважно изјавил дека е христијанин, поради што царот го затворил, наредил нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа наредил да го врзар на тркало под кое имало штици со големи клинци и така го вртеле. По ова го закопале во ров, така што надвор од земјата му била само главата и го оставиле во ровот три дена и три ноќи. Но при сите овие маки Георги непрестајно Го молел Бога и Бог веднаш го исцелувал и на големо одушевување на народот, го спасувал Својот маченик од смртта.

Кога Св. Георги воскреснал и еден мртовец, тогаш многумина ја примиле верата во Христа. Меѓу овие биле и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин. Најпосле царот ги осудил Свети Георги и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивнала на губилиштето пред да ја убијат, а Свети Георги го убиле во 303 година.

Безбројни се чудата што се јавиле на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Од љубов кон Господ Христос, Свети Георги без тешкотии оставил се заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го наградил со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. Го дарувал со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

-Да имавме некои одредени проблеми и затоа сметавме дека најдобро решение е разделбата. Немам друго момче, вели таа.

И годи на Ирена Спасовска разделбата со Орце – таа објави ЖЕШКА фотка

Фолк пејачката Ирена Спасовска и нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот Орце Гелевски...

Во остриот вовед на „Globe and Mail“ велат дека планот на кралскиот пар да се пресели во земјата на јаворскиот сируп и хокејот можат да кршат закони кои си ги почитува некогашната држава, со кои Британците управуваат, подалеку од монархијата.

КАКОВ ШАМАР ЗА ХАРИ И МЕГАН! Угледниот канадски весник остро напиша: НЕ СТЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ВО НАШАТА ЗЕМЈА!

Најголемите канадски весници велат дека прицот Хари и Меган Меркл не се добредојдени...

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов исто како и премиерот Оливер Спасовски, Мила Царовска и Радмила Шекеринска, одговори на 30 секојдневни прашања.

КОСТАДИНОВ: Да не бев политичар ќе бев пилот

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов одговори на 30 секојдневни прашања. Портпаролот...

Доколку сакате да го видите Мицкоски во едно поинакво светло, следете го Еден на Еден, во недела, на 19-ти јануари во 18:30 на ТВ „Канал 5“ со Жаре Димитровски.

Мицкоски во поинакво светло: Видно расположен игра фудбалче, погодува песни и вели„We will rock You“!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе биде гостин во едно од најгледаните македонси...