
Забава
Излегување
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и премиерот Зоран Заев открија каде и со кого ќе слават Нова Година.
Христијан Мицкоски, на новинарите вчера им откри дека Новата 2020. година ќе ја пречека во Македонија, во домот на другар од детството, а додека пак премиерот Заев за Нова Година пак оди во Германија со сопругата и децата, исто така кај другар.
Полковникот во АРМ Драган Ковачки е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада, но за СДСМ овој предог е спротивен на Уставот.
Заев после средбата со Мицкоски рече дека поставување на воено лице на чело на МВР е спротивно на Уставот во Република Македонија, како и на Законот за внатрешни работи и Законот за служба во Армијата.
Проблемот е што имаме воено лице дадено, каде што Уставот дефинитивно јасно определува дека со Армијата и со полицијата раководи цивилно лице кое што бил цивилно лице најмалку три години. Значи може и минато да има како воени лоце кандидат, но барем последните три години да биде цивилно лице, рече Заев.
Јас верувам дека не е тоа единствен кандидат ако не се усогласиме, може ќе се усогласиме. Така да ако нема некои дилеми околу ова прашање кое што за жал во моментот постојат за сите, рече Заев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.