И покрај оваа алармантна состојба, МЗ издвојува средства за само 28 отсто од жените на возраст од 24 до 60 години да направат бесплатен ПАП-тест

Објавил: Сања Кукиќ | 4 февруари, 2019 11:39

За пет години во Македонија 203 жени умреле од кацрином на грло на матка

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Во Република Македонија во периодот од 2012 до 2016 година од карцином на грло на матка умреле 203 жени, а бројот на умрени жени од карцином на грло на матка секоја година се зголемува за шест отсто, покажуваат резултатите од направената анализа од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ.

– И покрај оваа алармантна состојба, Министерството за здравство издвојува средства и дава можност само 28 отсто од жените на возраст од 24 до 60 години да направат бесплатен ПАП-тест преку Програмата за скрининг на карцином на грло на матка, а секоја година со оваа програма опфаќа помалку жени од предвидениот број и троши помалку средства од издвоените. Во периодот од 2012 до 2017 година, 56 отсто од жените на возраст од 24 до 60 години не биле поканети да направат бесплатен ПАП-тест со Програмата за скрининг на карцином на грлото на матката, а пак на 72 отсто од жените не им бил направен ПАП-тест преку Програмата во изминатите шест години, велат од ЕСЕ.

-Доколку со Програмата за скирнинг на карцином на грлото на матката биле опфатени сите жени на возраст од 24 до 60 години во изминатите шест години, одредени клеточни абнирмалности би се идентификувале кај приближно 44 илјади жени што значи дека кај нив е пропуштена можноста за рано откривање на предраковите промени и карциномот на грлото на матката, и со тоа навремено излекување и продолжување на животот на жените, велат од ЕСЕ.

Во анализата се вели и дека нискиот опфат на жени со Програмата за скрининг на карцином на грло на матка се должи на нискиот буџет и на недостигот од гинеколози на примарно ниво во Македонија, а и на малиот број на гинеколози вклучени во реализација на програмата

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Само во текот на вчерашниот ден на клиниката биле донесени тројца пациенти со симптоми на морбили

Морбилите не стивнуваат- на Инфективната клиника хоспитализирани 37 пациенти со морбили

Вкупно 37 пациенти со морбили се хоспитализирани на Инфективната клиника од кои 19 возрасни...