Слободен печат на Героски доби 10 милиони од државата – набавката на печатница прикажана како иновација

Објавил: Македонка Димкин | 16 јули, 2018 22:34

За плукање по македонизмот награда од 10 Милиони денари?

Фото/Текст извор: ©мкд.мк

Весникот Слободен Печат каде што главен уредник е Бранко Героски доби грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации на Република Македонија. Парите им се доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб.

Во документот кој го објави Фондот за иновации, стои дека овој провладин весник парите ги добил за набавка на печатарска машина и производна хала.

 

 

 

 

 

Фондот за иновации е институција која финансира иновации од страна на македонски иноватори, по што се поставува прашањето како тоа набавка на печатница може да биде прикажана како иновација?

Ова не е прва прилика медиуми и компании во кои работат провладини перјаници да добиваат пари од државата, претходно, компанија на Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Сашка Цветковска добиле 90.о00 евра од Агенцијата за филм, а компанија во која е ангажиран Сашо Орданоски доби 125.000 евра од истата институција.

Главниот уредник на Слободен Печат Бранко Героски во неговите колумни беше прилично критичен во однос на промената на уставното име на Република Македонија, но, непосредно пред добивањето на овие државни пари тој ги омекна своите ставови за ова прашање.

Во петокот во Македонската филхармонија, добитниците на грантови од Фондот за иновации и технолошки развој се фотографираа со премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и директорот Деспотовски. Сепак луѓе од Слободен Печат не беа забележани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.