Македонија
Вести
Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди мерката притвор.
„За 3 лица мерката ефективен ја замени со куќен притвор. За двајца од нив, поранешни градоначалници на Кочани, ОЈО Кочани вложи жалба пред Апелацискиот суд Штип и побара да опстои мерката ефективен притвор“, велат од Обвинителството.
ОЈО не вложило жалба за куќниот притвор на поранешна директорка на ДПИ, поради тоа што изнела околности и причини поради кои обвинителството е согласно со поблага мерка за нејзе.
Во пожарот кој се случи на 16 март годинава во дискотеката Пулс во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а има и голем број повредени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.