Иако беше во пензија многу години, тој ја прифати поканата и се приклучи на тим лекари задолжени за лекување на најранливите.

Објавил: Едмонд Бекири | 5 април, 2020 15:54

ЗА ПОТЕГОТ НА ОВОЈ ДОКТОР ЗБОРУВА ЦЕЛ СВЕТ: Страв не треба да постои- следете го овој пример!

Фото/Текст извор: ©(Stil.kurir.rs) магазин.мк

Состојбата во Италија со вирусот корона се шири со голема брзина. Таа држава се соочува со недостиг на лекари и професионалци кои се подготвени да се борат со овој злобен непријател.

Д-р Џиано целиот работен век го поминал на лекување на луѓе, а денес на 85-годишна возраст, тој решил да се загрози за да спаси нечиј живот.

Состојбата во Италија со вирусот корона се шири со голема брзина. Таа држава се соочува со недостиг на лекари и професионалци кои се подготвени да се борат со овој злобен непријател.

Иако беше во пензија многу години, тој ја прифати поканата и се приклучи на тим лекари задолжени за лекување на најранливите. Тој беше професор на Универзитетот во Падова, првиот што изврши трансплантација на срце, а денес несомнено се најде на првата линија на одбрана на луѓето од овој вирус.

Неговите постапки и зборови ја враќаат вербата во добрината и пожртвуваноста.

“Ме прашаа дали можат да сметаат на мене и јас прифатив без размислување. Кога ќе одлучите да бидете лекар и да положите заклетва, мора да бидете подготвени да помогнете кога е најтешко. Ако се плашите од болест, тогаш не сте родени да бидете лекар “.

На прашањето како ги гледа следните недели и кога ќе се ублажи пандемијата тој вечи: „Јас сум секогаш оптимист. Во последните неколку дена видовме пад на нови пациенти и смртни случаи, но дефинитивно имаме барем уште неколку недели екстремна борба и напорна работа“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.