-Тоа е одлука на судот, кратко и јасно одговрила Гордана Јанкулоска.

Објавил: Весна Петровска | 25 јуни, 2019 15:26

За правниците одлуката на Врховен е правно спорна, а еве што изјави Гордана

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

 

Затворската казна на екс министерката Гордана Јанкулоска е одложена, највисокиот суд одлучи четиригодишната затворска казна да биде одложена, за сега екс министерката ќе има спокојно лето и ќе може да ужива во мајчинството.

Јанкулоска се спаси засега од затворската казна

За АЛСАТ М беше прашана дали очекувала Врховниот суд да ја спаси од затвор за казната за набавката на блендираниот мерцедес.

-Тоа е одлука на судот, кратко и јасно одговрила Гордана Јанкулоска.

Универзитетскиот професор Арта Биљаљи изјави дека одлуката на судот е правно спорна.

-Мислам дека ваквиот чекор на Врховниот суд се коси со владеењето на правото или со тоа што сите се обидуваме по малку да го постигнеме. Затоа, потенцирам и мислам дека процесот на ветинг е неопходен во Република Македонија за судовите и обвинителствата, независно меѓународните извештаи. Постојат некои работи кои ние граѓаните ги гледаме подобро отколку тие кои вршат мониторинг .

Јанкулоска пред два месеца доби одложување на затворската казна поради нејзиното дете кое сè уште немаше наполнето една година. По одлагањето, Кривичен ù одреди дека од 1 – ви јули треба да оди во затвор. Но, само на една недела пред тој рок, Јанкулоска спасот го доби од Врховен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...

Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно - економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

Македонија мајка за Албанците а маќеа за Македонците

Македонските граѓани во својата сопствена држава постанаа граѓани од втор ред! Пред...

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19...