Конкретно, при плаќањето, без разлика дали е со фактура, во готовина или со службена картица, функционерот до секторот за финансии во институцијата, задолжително мора да приложи и детален извештај за целта на работниот состанок, бројот на присутни лица, време, место и датум кога истиот се одржал.

Објавил: Перо Милчин | 14 април, 2021 6:59

За првпат, сите државни функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Одлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги, предложена од кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против коурпцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. 

Со неа, за првпат се ограничуваат трошоците за услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци, точно е определен износот што може да се користи по лице присутно на работниот состанок, а ограничувањето на износот е во зависност од функцијата на лицето коешто го организира работниот состанок.

Истата има широк опфат со кој се опфатени Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, замениците претседатели на Владата, министрите, замениците министри, генералeн секретар на Владата, заменик на генералниот секретар, државни секретари, сите директори на институции, како и лицата избрани и именувани од Владата кои раководат со правните лица основани од државата.

Целта на одлуката е истата да биде дополнителен  механизам во ограничувањето и регулирањето на трошењето на буџетските средства, а предвидени се и соодветни контролни механизми и евиденција за реализираните угостителски трошоци што ги направил одреден функционер за одржување на работен состанок.

Конкретно, при плаќањето, без разлика дали е со фактура, во готовина или со службена картица, функционерот до секторот за финансии во институцијата, задолжително мора да приложи и детален извештај за целта на работниот состанок, бројот на присутни лица, време, место и датум кога истиот се одржал.

Без овие документи, Секторот за финансии во државниот орган нема да изврши исплата на угостителските трошоци.

  Во случај на пречекорување на дозволните лимити за угостителски трошоци, лицата кои го сториле пречекорувањето ќе мора да го надоместат пречекорениот износ на финансиски средства,  најдоцна во рок од три работни дена од денот кога се одржал работниот состанок.

Во насока на зголемена транспарентност и отчетност, државните органи се обврзуваат остварените трошоци за угостителски услуги да ги објавуваат јавно на веб страните на институциите.   

Во случај на непочитување на одредбите од оваа Одлука, се применуваат мерките од член 23 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид.

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата на Република Македонија ги поддржува активностите за отстранување на бесправните...

Како што налага ситуацијата, извесно е дека македонските граѓани ќе можат да патуваат само доколку се вакцинирани со Фајзер или АстраЗенека.

Македонците вакцинирани со Фајзер и АстраЗенека ќе можат да патуваат во ЕУ

Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно...

Вкупно 200.000 кинески вакцини денес треба да бидат дистрибуирани во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола по што со истите од утре започнува масовната имунизација на населението.

Од среда полициски час од 23 часот, кафеаните да работат до 22.30

Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот,  е...

Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите, како и да сочува што повеќе работни места.

Продолжува поддршката за стопанството – бескаматни кредити од 10 милиони евра, со можност за грант до 50%

СДСМ и институциите што ги предводи креира и реализира навремени и сеопфатни економски...