Со тоа се зголеми бројот на акредитирани методи во делот на хемиските лаборатории во рамките на методата јонска хроматографија, анализа на земноалкални и алкални метали, алкалитет и дел од тешките метали со што се овозможува подетално утврдување на квалитетот на испитуваните примероци.

Објавил: Владо Марин | 26 мај, 2021 10:05

За прв пат во нашата земја квалитетот на пакуваните минерални води ќе се испитува со најсовремена опрема

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За прв пат во нашата земја квалитетот на пакуваните минерални води ќе се испитува со најсовремена опрема во лабораторијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје

Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје во рамките на ИСО 17025 на почетокот на месец мај 2021 со последната надзорна посета на Институтот за Акредитација на РСМ направи проширување во методите за тестирање.

Со тоа се зголеми бројот на акредитирани методи во делот на хемиските лаборатории во рамките на методата јонска хроматографија, анализа на земноалкални и алкални метали, алкалитет и дел од тешките метали со што се овозможува подетално утврдување на квалитетот на испитуваните примероци.

Проширувањето на методите во рамки на ИСО 17025, потврдено од ИАРСМ, создаде можности и услови покрај водоводите во земјата, контролата на своите производи да ја вршат и сите производители на пакувани минерални води во акредитираните лаборатории кои се дел од Секторот за санитарна контрола.

Досега, со цел да одговорат на барањата на Агенција за храна и ветеринарство, согласно Закон, производителите на пакувани води анализите ги правеа во лаборатории акредитирани во соседните земји (Србија и Грција). Отсега, со проширувањето на методите за тестирање, за прв пат во нашата земја сите водоводи и производители на пакувани и минерални води ќе го испитуваат квалитетот на своите производи во акредитираните лаборатории на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Испитувањата ќе се изведуваат со најсовремена опрема, преку склучување на годишни договори за соработка“, посочи Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кретивно

Неправилностите на изборите не се современа појава. Уште тогаш биле поставувани луѓе, дури и под масите каде стоеле кутиите и нивна задача била да слушаат каде ќе тропне топчето.

ФОТО: Еве како изгледале гласачките кутии во Македонија меѓу двете светски војни

Со појавата на локални и парламентарни избори на територија на Македонија, гласањето...

Факт е дека како резултат активностите на овој проект и на низата други значајни сеопфатни проекти оваа година не разговараме за загаден воздух во главниот град, односно имаме огромно намалување на бројот на денови со надминати концентрации на пи-ем честички.

Заев: На Светскиот ден на животната средина веќе не разговараме за загаден воздух како резултат на сеопфатни акции на сите засегнати страни

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера зеде учество во...

Тој додаде дека на општо задоволство Скопје чекор по чекор се претвора во зелена престолнина каква што скопјани заслужуваат, односно со високи европски стандарди на уредување на зеленилото коешто е под ингеренции на Градот.

НОВ ГРАДСКИ ДРВОРЕД: РАЗЗЕЛЕНИ БУЛЕВАРОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ KAJ МРТВ

Со засадување на дрворед од 58 висококвалитетни садници покрај булеварот Гоце Делчев...

ТАВ Македонија доби здравствен сертификат од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International World) за Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, којашто претставува нов меѓународен репер за спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот.

ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ДОБИ ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АЕРОДРОМИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА АЕРОДРОМИ

ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ДОБИ ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АЕРОДРОМИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ...