Повикот предвидува конкретни квоти за секоја општина, односно колку најмногу наставници во текот на оваа календарска година можат да напредуваат во соодветното звање.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 јануари, 2021 10:14

За прв пат во образованието се воведува кариререн напредок на наставниците кој подразбира стекнување дополнителен личен доход

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со почетокот на календарската 2021 година за прв пат во Република Македонија започнува и имплементацијата на законска одредба наменета за наставниците за кариерен напредок во звања – „ментор“ и „советник“, што подразбира и стекнување на дополнителен паричен надомест, како дел од личниот доход од работниот ангажман.

Се работи за право кое произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, креиран како дел од Планот за темелна реформа на националниот образовен систем и има за цел да влијае на личната мотивација на  наставниците за работа и да придонесе за подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителската дејност.

Првиот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање „ментор“ е објавен на следниот линк.

Повикот предвидува конкретни квоти за секоја општина, односно колку најмногу наставници во текот на оваа календарска година можат да напредуваат во соодветното звање.

За да се пријави еден наставник на повикот, потребно е да исполнува неколку услови, односно да има најмалку 7 години работни искуство како наставник, да е вработен на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор.

Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 21 јануари 2021 година, а резултатите од повикот ќе бидат објавени најдоцна до 10 февруари 2021 година.

Министерството за образование и наука ги повикува сите наставници од јавните основни училишта да го разгледаат повикот и доколку ги исполнуваат условите за аплицирање, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок, за да го остварат своето законско утврдено право за напредување во звање „ментор“, а со тоа и да си обезбедат повисок личен приход.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Во Гостивар конкретно има три стручни училишта: средното техничко, средното економско и средното медицинско училиште. Во нашето општество генерално има еден парадокс кој не може да се објасни.

Царовска: Заедно со компаниите ги утврдуваме потребни профили за средното стручно образование

Преку овој карван на социјални дијалози под мотото „учи паметно, работи стручно“,...

Зошто е потребно Македонија во услови на пандемија и сериозна финансиска и економска криза итно да се задолжи со огромна сума на пари за реформа, а при тоа нема јасно изградена стратегија и реално одржлив план за нејзино спроведување? –праша Муцунски.

Дали Царовска е подготвена да ги признае грешките за образовниот радикален „концепт без концепт“ и зошто се задолживме 21.5 милиони евра?

На вчерашната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во пратеничко...

Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев посочи дека без квалитетна работна сила компаниите тешко можат да се борат со пребирливиот европски пазар.

Царовска: Дури 85 % од компаниите се подготвени да примаат ученици на практична настава

Со директорите на средните стручни училишта и претставниците на реалниот сектор...

Денеска е закажан состанок со наставниците, а задутре со членови на МАНУ.

Директорите на училиштата на средба со Царовска: Реформите се нужни, посветено ќе се вклучиме во нивната имплементација

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите...