Универзитетот во Струга

Објавил: Калина Мартинска | 14 јуни, 2024 14:51

За само седум дена добил акредитација Факултетот за здравствени науки на Мерко

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Експресно, за една недела Меѓународниот универзитет кој  делумно е сопственост на синот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, Генц Мерко доби лиценца за отворање на Факултет за здравствени науки.

Во решението за почеток со работа на факултетот стои дека на 3 јуни од универзитетот испратиле барање до министерството за образование за утрдување на исполнетоста на условите за работа.Четири дена подоцна на 7-ми јуни откако Агенцијата за квалитет во високото образование донела решение за акредитација на проектот за основање на факултетот, истиот ден министерството за образование формирало комисија која на 10-ти јуни извршила увид во Струга,а на 11-ти веќе донела решение дека факултетот за здравствени науки ги исполнува сите услови за работа.И покрај наведеното во решението, од Агенцијата за акредитација негираат дека факултетот ќе почне со работа, иако за тоа дале зелено светло.

АКВО:” На факултетот за здравствени науки нема да се запише ниту еден студент, нема да се студира и нема да се започне со работа,се додека не се исполнат законските услови за акредитација на студиските програми.Првата поднесена студиска програма  е одбиена”.

Бидејќи на веб страната на Меѓународниот универизитет веќе го има Факултетот за здравствени науки со две студиски програми:општа медицинска сестра и студии по здравствена нега,се обративме и до раководителот на универзитетот Арменд Кардиу.Не интересираше од каде потребата за формирање на факултет за здравствени науки, кои услови ги исполнуваат за такво нешто,кои професори со наставно научни звања ќе предаваат ,дали имаат програмата по која идните студенти ќе студираат и кога ќе почнат со работа-но одговор не добивме.

Преку фејсбук се огласи ресорниот Јетон Шаќири кој меѓудругото напишал дека министер не може да основа високообразовна установа. Тоа е цела постапка во која се инволвирани повеќе надлежни институции, а меѓу нив и министерството за образование кое во суштина, има најмалку надлежности.Ништо противзаконски и ништо самоволно.

Во последниов период се случуваат кадровски промени кои веројатно го овозможија ова брзо добивање на решение ,во Македонија на одредени места се поставени луѓе кои можеби не разбираат што значи образование или пак од некакви лукративни причини одлучиле да застанат на страната на профитот,што е недозволиво вели универзитетската професорка Весна Јаневска.

“Новата студиска програма на т.н факултет на Мерко веќе во првите денови ќе претрпи ревизија на процедурите со кои е спороведена целата процедура за добивање на решенија за почеток со работа.Вмештани се повеќе институции”-врели Весна Јаневска, универзитетски професор.

Веднаш по формирањето, новата влада ќе ја чешла работата на Меѓународниот универзитет како и на сите останати, по што ќе следи редуцирање на универзитетите во државава,вели Јаневска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести