Бараат оставка од него

Објавил: Калина Мартинска | 30 ноември, 2024 15:56

За СДСМ Тошковски е најнеспособниот министер

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Како во лош криминален филм среде Скопје се случи вооружен грабеж во позната продавница за техника, во градскиот парк, велат од СДСМ.

„Додека се уште работела продавницата, криминалците со качулки на главите и експлозивни направи кај себе извршиле дрско вооружено разбојништво.

Граѓаните веќе не се безбедни не само на улиците туку веќе не се безбедни ниту во продавниците. Безбедноста на граѓаните е целосно нарушена поради неспособноста на Тошковски.

Само еден ден пред овој вооружен грабеж, македонското знаме беше запалено а се пукаше со автоматски оружја. Пукачите не се приведени се уште.

Безбедносниот систем е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш се потврдува дека Тошковски и МВР немаат контрола  над безбедноста, институциите не може да ја гарантирааат безбедноста на граѓаните како што треба.

Во последните 5 месеци се случија над 20 вооружени инциденти и убиства.

Ова е резултат и на партизацијата на МВР и безбедносниот апарат за политички интереси на Мицкоски и ДПМНЕ.

Тошковски е најнеспособниот министер во историјата и треба да си поднесе оставка“, се вели во соопштението на СДСМ.

Тошковски за настанот

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски зборуваше за вчерашното разбојништво во позната продавница за бела техника.

Тој вели разбојниците од Нептун одзеле околу 10.000 евра.

Одзеле негде околу 10.000 евра парична сума на средства и таа парична сума на средства пробале да ја изнесат од деловниот објект. Од страна на МВР, СВР и единицата за интервентна полиција веднаш е реагирано. Лицата се лишени од слобода на лице место, вели Тошковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.