Оттаму велат дека нема конкретни податоци за тоа колкав е бројот на млади луѓе кои ја имаат напуштено државата, но сметаат дека повеќе од неопходено е да се направи попис на населението.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 ноември, 2019 19:57

За секој отселен млад човек Македонија по 15.848 евра годишно

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државата губи по 15.848 евра на годишно ниво за секој отселен млад човек, алармираат од Мрежата за спречување на одлив на мозоци во која членуваат седум граѓански организации.

Оттаму велат дека нема конкретни податоци за тоа колкав е бројот на млади луѓе кои ја имаат напуштено државата, но сметаат дека повеќе од неопходено е да се направи попис на населението.

Македонија е една од земјите не само во регионот, туку и во Европа која e типично иселеничка земја. Најчести причини за иселување се невработеноста и ниските плати. Фото: НОВА МАКЕДОНИЈА

Главната причина поради која се отселуваат младите, односно 74 проценти бараат подобра работа во странство. Како втора причина се јавува моментот дека тие се фрустрирани од политичката ситуација односно 36 од испитаниците го споделиле тоа мислење. Од друга страна, најчесто младите се враќаат во државата поради носталгија, како и поради започнување сопствен бизнис што треба да се земе предвид од страна на институците за да преземат мерки и да ги привлечат младите да инвестираат во сопствената земја, вели Иван Јованов, координатор на Мрежата за спречување на одлив на мозоци.

Тој посочува дека во просек на еден млад човек му се потребни околу две и пол години за да најде работа по завршување на образованието.

Граѓанските организации сметаат дека треба да се почитуваат и веќе постоечките стратегии и документи бидејќи постои Стратегија за вмрежување и соработка со високообразовни стручни кадри за периодот 2013-2020 година, но за неа има изработено само еден акциски план за 2014 година.

Според нас тоа не е соодветно и во наредниот период ќе работиме на анализа на оваа стратегија и ќе дадеме предлог да изработиме акциски план, вели Јованов.
Податоците на Светска банка покажуваат дека четвртина од населението во земјава односно 500 илјади луѓе ја имаат напуштено државата.

Мрежата за спречување на одлив на мозоци следниот вторник организира панел дискусија за тоа што прават институциите за да го спречат одливот на млади луѓе од државата.

Извор курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

По француската ратификација ќе отане уште тоа да го стори Парламентот на Шпанија, кој се уште не е конституиран, со оглед на тоа што таму на 10 ноември се одржаа избори.

Долниот дом на француското Собрание треба да го ратификува Протоколот за НАТО

Националното Собрание на Франција в четврток ќе расправа за Предлог-законот за ратификација...

Апликацијата „Мој Воздух“ завчера покажа дека најголемо присуство на ПМ 10 честички има во населбата Ново Лисиче и кај Ректорат.

АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА-МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ: Ова се најзагадените градови

Воздухот во нашата земја и денеска е загаден, а според мерењата на прво место се наоѓа...

Благодарение на политиките на Владата предводена од СДСМ и програмата за едно општество за сите, денес сите заедно живееме и функционираме.

АНГЕЛОВ: СДСМ го отвори патот кон иднината, благодарение на нив сите заедно живееме и функционираме

„Нема поголем патриотизам и почит кон државата од она што се направи во изминатите...