Спасовски ја отфрли можноста за негова оставка откако му избега Груевски, информации од партиите говорат дека можно е целото сценарио да е веќе однапред испланирано со власта

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 10:59

За Спасовски, виновни што на МВР им избега Груевски се судиите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Некој нешто крие во МВР во врска со наводното бегство на пратеникот Никола Груевски, па прв се огласи најодговорниот, министерот за надворешни работи кој го обвини судот.

Имено во јавноста отворено се шпекулира дека ако поранешниот премиер побегнал од државата, тоа го направил со премолчен гест од страна на СДСМ, премиерот и министерот Спасовски.

Сомнежите кои извори од МВР ги темелат на целокупната постапка се зголемуваат по објавите во дел од медиумите дека од национална Груевски заработил интернационална потерница, што беше веднаш демантирано од МВР.

Дали тоа МВР знае дека Никола Груевски е сеуште во државата?

Воедно од информации од структури во МВР се говори фактот дека не е можно поранешниот премир да побегне покрај толку големото полициско обезбедување кое го следело изминатата година и пол.

Груевски има шест телохранители кои го придружуваат како поранешен премиер. Не е тоа приватна агенција за обезбедување која се огласува на повик. Тие мора да се секогаш тука. Дали во непосредна близина или веднаш до човекот кого го штитат. По протокол тој нема право да ги отповика. И тие шест лица се вработени во Шестата управа на МВР која е под ингеренции на Спасовски.

Воедно се обезбедува и домот на поранешниот премиер. Идентично како и домовите на секој висок владин министер или премиерот Заев. Не постои техничика можност за грешка затоа што обезбедувањето го штити животот и безбедноста на премиерот и неговиот дом. – коментираат извори од МВР.

На ова се отвара јавен сомнеж ако Груевски ја напуштил државата барајќи политички азил, како МВР тоа го дозволило? 

Спасовски со краток коментар, виновни се судиите.

Имено министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека не размислува за оставка на функцијата, и истакна дека одговорноста за Груевски треба да се бара кај судиите.

Одговорноста барајте ја кај судиите кои не одредиле мерка притвор за човек кој е осомничен за повеќе кривични дела, а згора на тоа е отсутен. –  рече Спасовски.

Министерот не одговори кој дозволил медиумите да вршат директен пренос од обидот за апсење на Груевски во неговиот дом?

Како планирале од МВР да го уапсат Груевски кога има активен пратенички мандат а со тоа и имунитет?

Што ако Груевски бил дома заедно со семејството и притворањето било пред очите на неговите малолетни деца?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Со 408 од 519 гласа Силјановска Давкова доби голема поддршка како претендент за претседател на Република Македонија.

Официјално Гордана Силјаноска кандидат за претседател на Македонија

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ ја избраа Гордана Силјановска Давкова за свој претседателски...

Очигледно Апасиев работи на тоа од Левица да направи сателит-партија на ВМРО-ДПМНЕ, а за себе да си обезбеди пратеничко место преку листите на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

Савески : “Апасиев соработува со ВМРО ДПМНЕ, тој изврши пуч на Левица”

Здравко Савески кој е член на преизидумот на политичката партија Левица и основач...

Сега и официјално сме Северна Македонија, сменивме многу симболи во целата наша земја и секако ја очекуваме првата посета на Алексис Ципрас, можеби во март или април,

Заев : „Ќе слетам во Грција со владиниот авион на кој ќе пишува Република Северна Македонија„

За Независната балканска новинска агенција (ИБНА) премиерот Заев изјави дека, прва...