За српските туристи бесплатен паркинг и попусти во Дојран!

Објавил: Перо Милчин | 16 април, 2021 5:33

За српските туристи бесплатен паркинг и попусти во Дојран

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дојранскиот градоначалник Анго Ангов и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко угостителските објекти и бесплатен паркинг, пренесе Сител!

Договорена е и засилена промоција на Дојран како туристичка дестинација во регионот за да се искористат можностите од транзитниот туризам со реализација на повеќе од 150.000 ноќевања годинава.

Овој гест следува како одговор на наедамнешната донација од Србија која на земјава и донираше антиковид вакцини во вредност од околу 700.000 евра.

– Целта е со овој гест да возвратиме на хуманоста и солидарноста од Србија,но и да им помогнеме на домашните туристички работници кои периодов се во криза како и со олеснувањата да дадеме придонес српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација, велат Ангов и Јаневски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Иако ХНК нема јасни индикатори за состојбата или соодветни системи за евиденција, се проценува дека само околу 30 проценти од планираните посети биле реализирани во целиот кантон.

КАТАСТРОФАЛНА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА ВО БИХ: Огромни загуби поради короната!

Поради вирусот корона, туризмот во Херцеговина претрпе огромни загуби. Директорот...

-За влез во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР тест или серолошки тест ЕЛЕСА, изјави Мугоша во гостувањето на утринската програма на телевизијата „Вијести“.

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Црна Гора од утре ќе ги отвори границите за граѓаните на Македонија, Србија, Босна и...

Најголемиот дел од оние што се регистрирани во земјава на граничните премини транзитирале, односно 44,4 отсто, 36 процени престојувале во земјава, а 19,6 отсто оствариле еднодневна посета.

Странските посетители најмногу се жалат за хигиената на јавните места и патната мрежа

Патната мрежа и хигиената на јавните места добиле најниска оценка од посетителите...

Во изјавата се посочува дека ова ги надминало проценките, очекувањата и конкуренцијата.

ЛУДИЛО ВО ХРВАТСКА: Во јули 1 милион туристи ја посетиле Хрватска- најмногу од Германија, Австрија, Чешка и Словенија

Во првите 14 дена од јули, повеќе од 950.000 туристи престојувале во Хрватска, што е 55% од...