Министерот за финансии Фатмир Бесими на сред презентацијата на ребалансот на буџетот кој е на матичната комисија за финансирање и буџет ги корегираше проекциите. Им кажа на пратениците дека бројките кои ги кажал пред една недела не биле точни.

Објавил: Стојче Бушин | 16 октомври, 2020 9:45

За три месеци јавниот долг рипна за 1 милијарда евра или за 9 проценти од БДП

Фото/Текст извор: ©denar.mk

Јавниот долг на земјава за три месеци во периодот од април до јуни, кога ефектите од корона-кризата беа и најголеми рипнал за речиси 1 милијарда евра или за 9 проценти од БДП, покажува извештајот на Министерството за финансии за состојбата на јавниот долг заклучно со јуни.

Министерот за финансии Фатмир Бесими на сред презентацијата на ребалансот на буџетот кој е на матичната комисија за финансирање и буџет ги корегираше проекциите. Им кажа на пратениците дека бројките кои ги кажал пред една недела не биле точни.

Па така наместо 59,5 проценти од БДП колку што кажа пред едена недела кога ребалансот помина на влада, сега тој ја надминал критичната граница од 60 проценти и изнесува 60,3 проценти од БДП. Има корекција и кај буџескиот дефицит, кој наместо 8,4 ќе изнесува 8,5 проценти од БДП. Министерот рече дека корекциите се резултат на редовната ревизија на номиналните вредности на домашниот бруто-производ од страна на Државниот завод за статистика објавени на 5 октомври.

Со ваквиот нов номинален износ на БДП дефицитот во Буџетот за оваа година наместо 8,4 отсто, ќе изнесува 8,5 отсто иако неговата апсолутна вредност останува иста. Исто е и со надворешниот долг, кој според номиналната вредност на БДП од 30 јуни годинава во однос на БДП беше 59,5 отсто, а сега со надолната корекцијата на номиналниот БДП иако долгот е со иста вредност од 6,527 милијарди евра, претставува 60,3 отсто од БДП”, рече Бесими.

Според податоците од финансии, заклучно со јуни земјава должи 6,527 милијарди евра или 60,3 проценти од БДП. Заклучно со март пак долгот изнесувал речиси 5,556 милијарди или 51,4 проценти од БДП. За овој период најмногу пораснал надворешниот јавен долг или се искачил од 3,551 милијарда, на 4,400 милијарди евра, додека внатрешниот јавен долг од 2 милијарди евра се искачил на 2,126 милијарди евра.

Инаку вториот ребаланс на Буџетот за годинава стигна пред пратениците. Министерот Бесими рече дека тој е неопходен за справување со корона-кризата Од денеска почна расправата на собраниската комисија за финансирање и буџет која може да трае максимум 10 денови, по што ребалансот треба да оди на пленарна седница пред пратениците каде треба да биде усвоен за 5 денови.

Историски највисокиот буџет од 4,1 милијарда евра според Бесими е наменет за справување со последиците од корона-кризата и за финансирање на четвртиот пакет антикризни мерки за помош на стопанството и граѓаните. Најавени се 186 амандмани од кои над 170 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата пак условува дека ќе го гласа ребалансот ако власта ги прифати нивните амандмани.

Излегоа со низа критики за вториот ребаланс на државната каса за годинава.

Обвинија дека власта ја презадолжи земјава. Велат падот на економијата ќе биде поголем од проектираниот. Антикризните мерки биле популистички, а парите за помош на компаниите наместо кај малите и средни компании, завршувале кај олигарсите од власта. Критикуваа и дека се кратат капиталните проекти, а не непродуктивните трошоци на институциите.

“Амандманите не се ништо друго туку вашите ветувања кои не ги реализиравте во изминатиот период”, рече Благица Ласовска од ВМРО.

Со вториот ребаланс за годинава  има повеќе пари за финансирање на политичките партии, за извршни решенија, за купување на мебел и за привремени вработувања.

Ребалансот покажува дека за мебел за државните институции со буџетот биле предвидени 1,5 милиони евра, но со ребаланост рипнале на 2 милиони, или ќе се потрошат дополнителни речиси 500.000 евра. Се дуплирала сумата за извшители по извршни исправи од 5,1 на 9,9 милиони евра. Расте ставката за привремени вработувања.

Ако првично беа планирани 2,4 милиони евра, сепак до крајот на годината ќе се потрошат 2,7 милиони ева, или 324.000 евра повеќе.  За субвенции и трансфери, ставката од 454 милиони, на 623 милиони евра со ребалансот. Или ќе се потрошат 169 милиони повеќе од првичните проекции. Ако првично се планирало на невладините да се поделат 8,9 милион, сега ќе се потрошат 10,3 милиони евра за таа намена.  Објаснувањето од ресорот финансии е дека тоа се однесува на барањата на Министерството за правда за редовно финансирање на политички партии.

Ставката разни транфери пораснала за фантастични 177 милиони евра, или од 411 милиони се искачила на 589 милиони евра кои треба да се потрошат од државната каса.

Проекциите со ребалансот се дека ќе се потрошат рекордни 4,1 милијарда, а ќе се соберат 3,2 милијарди евра. Парите кои ќе недостасуваат најголеми до сега – 920 милиони евра ќе се бараат преку заеми на домашниот пазар. Проекцијата е дека земјава ќе влезе во рецесија со проектиран пад на БДП за годинава од 4,4 проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Владата во консултација со сите релевантни чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креира амбиент за раст на просечната и на минимална плата во следните четири години.

Расте просечната нето плата, создаваме услови во Македонија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година изнесува...

Во рамки на Министерството за економија следната година ќе се реализираат неколку програми за поддршка на индустријата, иновативноста, занаетчиството, туризмот и поттикнувањето на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност.

Бектеши: И во 2021 година Министерството за економија продолжува со мерки за поддршка на индустријата, занаетчиството, туризмот и енергетска ефикасност кај домаќинствата

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата...

Во услови на пандемија овие компании го зголемиле бројот на вработени. Во моментов кај нив има вкупно ангажирани 14.067 лица што е зголемување за најмалку 0,6% во однос на 2019 година.

Зголемен број на работни места во ТИРЗ во 2020 – презентиран нов развоен концепт

Дирекцијата за технолошко индустриски зони ги презентираше економските движења во...

„Досега се реализирани преку 23 проекти во вредност од околу 2,1 милијарди евра грантови и заеми во Република Македонија.

Заев: Инвестираме во инфраструктура, патишта, енергетика, капиталните инвестиции се планирани на ниво од 23 милијарди денари

„Јасно е дека спомениците не се трајни добра коишто го подобруваат животот, како што...