“Пуцко Петрол“ е во сопственост на Исмаил Јахоски, кој 1996-2005 беше градоначалник од СДСМ, а од 2009 е градоначалник од ДУИ, на Пласница, најсиромашната општина во МК.

Објавил: Данаил Михајловски | 6 ноември, 2019 12:29

За фирма на градоначалник од ДУИ не треба лиценца за тендери

Фото/Текст извор: ©магазин

По случајот со Министерството за одбрана, кога пред две години порталот МКД.мк откри дека компанијата од општина Пласница „Пуцко петрол” склучила неколку договори со ова министерство за снабдување со мазут, компанијата продолжува да го прави истото со други државни институции и тоа без лиценца. Фирмата “Пуцко Петрол“ е во сопственост на Исмаил Јахоски, кој во периодот 1996-2005 беше градоначалник од редовите на СДСМ, а од 2009 година до денес е градоначалник од редовите на ДУИ, на Пласница, најсиромашната општина во Македонија. За разлика од жителите на Пласница, градоначалникот Исмаил Јахоски е супер богаташ, функционер чија фирма во 2017/18 година доби тендери во државни институции вредни околу 35 милиони евра. Освен со премиерот Заев, градоначалникот Исмаил Јахоски важи за близок пријател и на Муса Џафери од ДУИ, како и на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков.

Исмаил Јахоски е градоначалник на најсиромашната општина во Македонија, општина Пласница, а тој е супер богаташ чија фирма “Пуцко Петрол“ во 2017/18 година добила државни тендери во вредност од 35 милиони евра. Порано бил градоначалник од редовите на СДСМ, а од 2009 година до денес е градоначалник од партијата ДУИ.

Последната лиценца за трговија со сурова нафта и нафтени деривати што „Пуцко петрол“ ја има е од 21 јули 2017 година. Во ова решение на Регулаторната комисија за енергетика не е наброена и дозволата за трговија со мазут М-1 HC. Согласно горенаведеното, Друштвото за производство, трговија и услуги ‘Пуцко петрол’ увоз-извоз ДООЕЛ Пласница не поседува лиценца за трговија на големо со Мазут М1 НС“, пишува во известувањето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. „Пуцко петрол“ по 21 јули 2017 година без лиценца за трговија со мазут склучил договори за набавка на мазут за Државниот студентски дом, за ЈЗУ општа болница во Гевгелија, за ЈЗУ општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, за ЈЗУ општа болница Куманово „11 Октомври“ (92.000 кг Мазут М-1 ХЦ со содржина на сулфур најмногу до 1% m/m), како и со Министерство за одбрана предводено од министерката Радмила Шеќеринска. Дали ова незаконско работење е криминал или не, треба да проверат надлежните служби. „Интересно“ е и тоа што на пример договорот со болницата од Куманово е потпишан во килограми, а мерките треба да се во литри. Мерењето во килограми при испораката е во секој случај помалку од мерењето во литри на течност. Уште една задача за инспекциските служби и за Антикорупциската комисија. Повеќе за овој скандал прочитајте на порталот МКД https://www.mkd.mk/makedonija/politika/pucko-petrol-bez-licenca-za-mazut-prodolzhi-da-snabduva-drzhavni-institucii

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Имено, на 15 јули годинава завршила наградната игра „VIP Гурмани 2019“ на компанијата „Групер“ која е во сопственост на министерката за финансии.

МЕГА СКАНДАЛ: Фирмата Ангеловска противзаконски организира игри на среќа- Дали следи затворска казна?

Невиден скандал открива документот кој свиркачи од Министерството за финансии го...

Во документираното дело, постои огромен јавен интерес, по што се очекува реакција на Основното јавно обвинителство.

Во 18 часот ЕКСКЛУЗИВНО “ЛИДЕР”објавува скандал за министер од владата на Зоран Заев!

Вечерва во 18 часот, „Економски Лидер” ќе објави документи за кривично дело кое го...

Но и покрај истечениот мандат тие си остануваат на својата менаџерска функција, дознава Алфа. Ваквиот случај го пријавиле родители кои за телевизијата истакнале дека директорите мандатаруваат противзаконски, дали е вистина и како е тоа можно? Бевме во ОУ. „Хасан Приштина“. Директорката не била тука.

Директори на школи во Чаир со истечен мандат ја вршат должноста „директор“

„Хасан Приштина“ и „Битолски Конгрес“ основните училишта од скопската населба...