Почна да тече рокот за изградба на нова компресорска станица во Клиничкиот центар која ќе овозможи хируршките сали да работат во полн капацитет.
Министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека го потпишал договорот со компанијата „Винора“, единствената која се пријави на повторениот оглас.
„Компанијата е сериозна, професионална за оваа работа и се надевам дека, според нив, за четири месеци целиот зафат ќе биде завршен. Договорот го потпишавме завчера. Ако некој се жали во меѓувреме тоа нема да биде добронамерно оти на три повици не се пријави никој“, рече министерот Таравари денес по посетата на Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација.
Хируршките сали во Клиничкиот центар функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет од мај, годинава, кога се појави смрдеа во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Потешките операции место во Клиничкиот центар, до декември ќе се прават во Градската општа болница „8 Септември“ и во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.