
Македонија
Вести
Зборот за СДСМ не важи, туку секој збор на СДСМ е лага,стои во соопштението на ВМРО.

Од ВМРО велат дека откако Петре Шилегов е градоначалник, на главниот град, не стои ништо за Град Скопје.
Шилегов наместо да работи суштински проекти за граѓаните, тој за проекти ги смета качување на маси по кафеани, ангажирање на ди-џеи, поместување на автобуска, трчање и мавтање по возила пред молови. Сепак тој е градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка и рекламирање како вози тротинет.
Од ВМРО додаваат дека Шилегов всушност е ист како и неговиот шеф Зоран Заев, додавајќи дека Шилегов е најнеспособниот градоначалник на град Скопје.
Шилегов подеднакво неспособен како и неговиот шеф Зоран Заев. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од далеку, позади себе нема ниту еден сериозен проект.Шилегов нема капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине,стои во соопштението на ВМРО.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.