Преку централниот мониторинг во Службата се знае точно каде се лоцирани возилата, податоци во однос на повиците, како и времето кое е потребно да се јават и укажат итна медицинска помош после повикот.

Објавил: Владо Марин | 25 февруари, 2021 15:16

За 10 месеци има донирано повеќе од 220.000 евра во средства и опрема

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Благодарение на Стопанска банка, сега 21 возило од итната помош во Скопје е целосно опремено со посебни системи за навигација и GPS локација.

Преку централниот мониторинг во Службата се знае точно каде се лоцирани возилата, податоци во однос на повиците, како и времето кое е потребно да се јават и укажат итна медицинска помош после повикот.

Граѓаните на Скопје и на околината сега ќе имаат многу побрз пристап и здравствена услуга во делот на ИМП.

За 10 месеци има донирано повеќе од 220.000 евра во средства и опрема. Покрај овој систем на навигација, Здравствниот дом добива и 12 медицински фрижидери.

Се заблагодарувам на директорот на СБ Диомидис Николетопулос за поддршката. Оваа компанија од почетокот на КОВИД кризата донираше средства и опрема за јавното здравство, истакна министерот Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.