Самата прослава траела 12 часа, а се се одиграло во централниот дел на дворецот, кој бил специјално декориран за оваа прилика.

Објавил: Сара Фемина | 18 мај, 2019 1:16

За 18-ти роденден синот од Драгана Мирковиќ доби автомобил од 300.000 илјади евра!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Средновековниот дворец Ебенфурт во Виена, е во сопственост на Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ, после многу години реновирање првпат ја отвори својата врата да ги угости одбраните гости на гала прославата која ја организираа по повод полнолетството на нивниот син Марко Бјелиќ.

Марко, синот од Драгана Мирковиќ и Тони Бјелиќ бил одушевен кога во гаражата погледнал Ламборџини наместо Мерцедес, кој го возел до неодамна.

Марко Бјелиќ, синот од српската пејачка Драгана Мирковиќ за својот 18 ти роденден доби автомобил „Ламборџини„ во вредност од 300.000 илјади евра!

Буквално скокал од среќа. Не можел да поверува дека неговите родители му го исполниле неговиот сон. Како што пишува српски телеграф тие исто така му купиле и стан, кој во моментов е во фаза на градење, но до крајот на оваа година Марко ќе всели во него.

Целото случување тие го планирале со месеци, бидејќи имале желба семејството, пријателите, членови на дипломатскиот кор, гости од политичкиот врв, културната и друга сфера да дојдат во престолнината на Австрија, но пред се, на Марко и неговата сестра Мануела да им организираат забава за паметење.
Самата прослава траела 12 часа, а се се одиграло во централниот дел на дворецот, кој бил специјално декориран за оваа прилика. 

На Марко, за полнолетство му честитаа и голем број на холивудски ѕвезди како што се Жан Клод Ван Дам, Арнолд Шварценегер, Силвестер Сталоне и многу други…
Пејачката им се заблагодари на сите за честитките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Но денеска од страна на ЕБУ беше објавено дека настанала грешка во бодувањето, односно при гласањето.

СКАНДАЛ: Грешка при гласањето на Евровизија- Тамара Тодевска освоила повеќе бодови

На овогодинешната Евровизија која се одржуваше во Тел Авив, Израел, нашата претставничка...

На официјалната Фејсбук страна на Комити Скопје беше објавена моќна порака, за тоа како вистински треба да изгледа парадата на гордоста.

ФОТО: „Парада на Гордоста” од нашата младост вака се организира

Откако пред два дена беше соопштено дена првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата...