
Македонија
Сообраќај
Поради ковид-19 кризата, македонските аеродроми во Скопје и Аеродром бележат 782.876 патници, односно 71% помалку во однос на 2019. година.
За да се надмине оваа ситуација, веројатно е неопходно да се направи системско тестирање на патниците на аеродромите, што аеродромскиот оператор веќе и го предложил на Владата.
„Поради одлуките на владите поврзани со КОВИД-19 и ограничувањата на патувањата ширум светот, 2020 година беше многу тешка година за авијацијата, следствено на тоа и за ТАВ Македонија. Скопскиот и охридскиот аеродром беа затворени за сообраќај на патници цели 3,5 месеци – од средината на март 2020 година до 1. јули 2020 година. По повторното отворање, се соочивме со забрана за патување во ЕУ/Шенген за македонските граѓани. Тоа резултираше со намалување на бројот на патници за 71 процент за целата 2020 година (јануари-декември 2020) или од 2.677.618 патници на двата македонски аеродрома во 2019 година, 2020 година ја завршивме со вкупно 782.876 патници“, изјавија за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на аеродрмите во државава.
Најголемата пречка за закрепнување на македонскиот воздушен сообраќај е забраната за патување поради КОВИД-19 воведена од земјите на ЕУ/Шенген за носителите на македонски пасош!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.