Поконкретно, во периодот јануари – јули годинава бројот на патници на грчките аеродроми достигнал до 8,9 милиони, наспроти 34,7 милиони за истиот период лани.

Објавил: Владо Марин | 16 август, 2020 12:53

За 74 отсто намален бројот на патници на грчките аеродроми во првите седум месеци од годинава

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Бројот на патници на грчките аеродроми во првите седум месеци од 2020 година е намален за 74,3 отсто во споредба со истиот период лани, а во јули намалувањето достигнува до 72,6 проценти, според податоците од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција.

Поконкретно, во периодот јануари – јули годинава бројот на патници на грчките аеродроми достигнал до 8,9 милиони, наспроти 34,7 милиони за истиот период лани!

Намалување за 60,3 отсто има и на бројот на летови, односно од 290.859 лани, оваа година во првите седум месеци, вкупниот број е 115.402 летови, од кои 48.062 од странство.

Во однос на месец јули, намален е и вкупниот број на патници (за 72,6 отсто), но и бројот на патници кои пристигнале од странство (намалување за 72,5 проценти).

Според статистичките податоци од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, минатиот месец биле регистрирани 2.722.854 патници, наспроти 9.930.332 во јули 2019 година!

„Статистичките податоци од сите аеродроми продолжуваат да бележат драстичен пад на патничкиот сообраќај предизвикан од пандемијата Ковид-19“, коментираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Од почетокот на годината, во централна Африка, каде вообичаено се јавуваат мајмунски сипаници, се пријавени речиси 1.500 случаи и 70 смртни случаи.

СЗО: Мајмунските сипаници не се закана за глобалното здравје

Во моментов, мајмунските сипаници не претставуваат закана за глобалното здравје, соопшти...

Заедно! добива релативно мнозинство со 224 пратеници, Нупес – сојузот на левицата е на второ место со 149 пратенички места, според првите проценки.

Францускиот претседател Емануел Макрон нема да има апсолутно мнозинство во Националното собрание

Според сите први проценки на институтите за испитување на јавното мислење, францускиот...

Арктикот - местото на најбрзо затоплување на Земјата - веќе влезе во невидена состојба на „закана за глобалната климатска стабилност“.

СЕ ЗАКАНУВА НОВА ОПАСНОСТ ВО СВЕТОТ: Ќе имаме само уште 9 години нормален живот (ВИДЕО)

Арктичкиот морски мраз ќе исчезне околу 2029 година според сателитските слики, предизвикувајќи...