Заев ќе треба да сведочи за своите сознанија за нелегалното прислушување во УБК, по барање на Обвинителството.

Објавил: Валерија Петрова | 10 октомври, 2019 17:23

Заeв ќе сведочи за нелегално прислушување во УБК, Верушевски денеска го апсолвира Мијалков од вина за прислушкувањето

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Премиерот Зоран Заев треба да се појави како сведок на наредното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“, кое е закажано за 24 октомври.

Заев ќе треба да сведочи за своите сознанија за нелегалното прислушување во УБК, по барање на Обвинителството.

Денеска во судница сведочеше неговиот советник за безбедност, Зоран Верушевски каде во изјави дека поранешниот премиер Никола Груевски е виновен за скандалот со прислушкување, а не Сашо Мијалков.

Откако на минатото рочиште предизвика недоумици во јавноста со ставот дека документацијата од прислушкуваните разговори „доживеала стравотна модификација и компромитирање“ по неговото лишување од слобода, Верушевски во судницата избегнуваше директно да одговори на прашањата на обвинителството, додека одбраната на Мијалков се откажа од тоа право. За „модифијацијата и компромитирањето“ исто така ги обвини Груевски и двајцата избегани разузнавачи на УБК.
Единствено конкретен, Верушевски беше во однос на вината за прислушкувањето.

ФОТО: Дојче Веле

„Тројца луѓе, по мое длабоко убедување, се фокусот на креацијата на оваа документација, тројцата се избегани од државата и врз база на таа документација добиваат третман во државите каде што се избегани“, рече Верушевски пред судот.

За потсетување, случајот „Тврдина“, е поврзан со нелеганото прислушување на УБК, односно уништување на системи за прислушување во 2015 година со цел прикривање кој ја користел опремата за прислушувањето.

Осомничени се двајца вработени во УБК, од кои едниот е началникот на Петтата управа, Горан Грујоски, како и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, кои потпомогнати од трето лице уништиле два системи за прислушување. Ова се случило во 2015 година веднаш после спогодбената пресуда за Ѕвонко Костовски во случајот „Пуч“.

Осомничено е и четврто лице за злоупотреба на службената положба, а петтоосомничената фалсификувала документи на кои им ставала датуми од 2014 година, иако тие биле од 2015 и 2016 година. Таа од претходно има шест кривични дела поврзани со фалсификување документи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало...

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат...

Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила...

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до...