
Македонија
InMemoriam
Трајче имаше големо срце. Тој беше голем борец, отпораш, револуционер и слободар!
Имав среќа да ми биде најблизок соработник во многу тешки и ризични времиња. Но, за него зборовите ризик и страв не постоеја, објави неговиот близок соработник, пријател и градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев!
Социјалдемократската младина на Македонија одржа комеморативна седница во седиштето на СДСМ во Скопје, денеска (17.10.2020), во 13.15 часот.

Имав среќа да ми биде најблизок соработник во многу тешки и ризични времиња!
Беше отворена и книга на жалост во која присутните го изразија своето сочувство.
Цело време беше научен да се бори.
За државата, за слободата, за младите, а последниве месеци се бореше за да спаси човечки животи.Трајче, секогаш ќе се водиме по твоите идеали.
Човек може да умре, но идеја и херој никогаш!
Hasta la victoria siempre, напиша Богоев!
Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина пред два дена, откако претходно му се слошило и со автомобилот удрил во дрво на „Рузвелтова“.
Тој со Брза помош беше пренесен на Ургентен центар, каде што починал, два часа го реанимирале, но лекарите не успеале да го спасат.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.