
Македонија
Анкета
За развој на е-трговијата потребен е холистички пристап и партнерски однос помеѓу бизнисите, банките, владата и корисниците. Во 2017 година се формираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија токму за поврзување на сите засегнати страни со цел соработка за раст и развој на е-трговијата. Објавените резултати за 2018 година од страна на Државниот завод за статистика се охрабрувачки и можат да дадат мотивација за понатамошни активности и работа за постигнување поголеми резултати.
Спроведената анкета во првото тромесечие на 2018 година во Република Македонија во која испитаниците се изјаснуваат за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува раст на онлајн трговијата. Во овој период нарачале/купиле онлајн 31,6% како процент од интернет корисниците, спрема 19,5% истиот период минатата година што претставува пораст од 62%. Тоа значи дека 406 илјади Македонци нарачале/купиле онлајн во последните 12 месеци.
Референтен период – генерално е првото тримесечје од годината, односно периодот од 3 месеци кој претходи на анкетата. Податоците за е-трговија се однесуваат на последните 12 месеци – период од 12 месеци кој претходи на анкетата.

Нејзината кариера, нејзиниот револуционерен Групери кој ги промени македонските е-пазари и претприемачки меѓународни приказни, придонесоа Нина да стане првата македонска жена на листата на 100 успешни женски основачи во Европа од страна на германското списание “Хундерт” и во последно време ја делеа на Форбс. Овогодинешното глобално признание дојде на почетокот на истиот ден како роденденот на Груперот, кога Форбс ја најави Нина како почест од 30 под 30 претприемачи во Европа во категоријата малопродажба и е-трговија.
Референтен период – генерално е првото тримесечје од годината, односно периодот од 3 месеци кој претходи на анкетата. Податоците за е-трговија се однесуваат на последните 12 месеци – период од 12 месеци кој претходи на анкетата.
Што купувале најмногу?
Македонците како и во минатата година, најмногу купувале облека и спортска опрема но структурно со помало учество од минатата година. На сметка на тоа повеќе купувале производи за домаќинство, храна и друго.
Од каде купувале најмногу?
Она што е особено значајно за е-трговците од Македонија е дека за разлика од минатата година (31,7%), Македонците најмногу онлајн купувале од продавачи од земјата (52,3%).Ако во минатото доминантна онлајн трговија била кај продавачите од другиот дел на светот, најновите податоци на Државниот завод за стaтистика покажуваат дека Македонците доминантно онлајн тргувале од домашните е-трговци, што е особено за поздравување.
Автор: Д-р Нина Ангеловска, Претседател на Асоцијација за е-трговија на Македонија и Директор и коосновач на Grouper.mk
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.