Уште една трагедија ја потресе цела Македонија, загина младо момче на патот кај Свети Николе.
Како што информираат од полицијата, возач на мопед почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Свети Николе -Штип кај селото Криви Дол.
Се работи за 31-годишно лице од Велес, јави МВР.
Во несреќата учествувале и три патнички автомобили, пришто четири лица од кои две деца на возраст од 15 и 13 години се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница-Штип за укажување на лекарска помош.
Билансот на МВР за сообраќајните несреќи во Македонија во изминатите месеци е зацрнет со неколку жртви на патиштата низ земјава.
Од МВР и АМСМ апелираа до сите учесници на сообраќајот да внимаваат на сообраќајните знаци и да ги почитуваат знаците за дозволена брзина. Исто така голема причина за сообраќајните несреќи е и жешкиот асфалт во овие топли периоди.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.