Во услови на пандемија овие компании го зголемиле бројот на вработени. Во моментов кај нив има вкупно ангажирани 14.067 лица што е зголемување за најмалку 0,6% во однос на 2019 година.

Објавил: Перо Милчин | 17 јануари, 2021 18:19

Зголемен број на работни места во ТИРЗ во 2020 – презентиран нов развоен концепт

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дирекцијата за технолошко индустриски зони ги презентираше економските движења во зоните и новиот концепт и развојни планови на ТИРЗ. Анализите покажуваат дека кај компаниите во ТИР зоните има позитивен економски тренд на заздравување од кризата и потенцијал за раст, а регистриран е и зголемен број на вработени.

Во услови на пандемија овие компании го зголемиле бројот на вработени. Во моментов кај нив има вкупно ангажирани 14.067 лица што е зголемување за најмалку 0,6% во однос на 2019 година.

Според договорите овие компании се обврзани да креираат најмалку 21.379 работни места најдоцна до 2025 година, а досега од тоа се пополнети 66%.

„Наша обврска е да ги следиме роковите за реализација на овие планови, но и да ги поттикнеме побрзо да ги креираат останатите 7300 предвидени работни места во покус рок. Веќе преземавме нови мерки со кои државата им излезе во пресрет на оние кои предвреме ги исполниле обврските и предвеме ја исплативме државната помош. Со овој нов сет мерки целта е искористување на потенцијалот кај веќе присутните инвеститори во земјата и да ги поттикнеме да вложуваат во проширување на своите капацитети,“ изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Дирекцијата развива и посебна мерка со која инвеститорите ќе се поттикнат не само да ја забрзаат динамиката на вработувања, туку и да ги зголемат платите за 30 до 50 проценти до 2024 година, бидејќи тие сега се под државниот просек.

Не сум задоволен од платите, бидејќи како земја се обидуваме 20 години да донесеме компании кои ќе го зголемат економскиот раст. Ќе инвестираме во програми и вештини со кои ќе се поттикне раст на платите преку зголемена продуктивност на трудот. Овие мерки се насочени директно кон луѓето, а ќе придонесат кон продуктивност на компаниите“, нагласи Деспотовски.

Бројките покажуваат зголемена економска активност кај компаниите во зоните. По регистриран пад на извозот од 91% во април, годината ја завршуваат со кумулативен пад на извозот од само 8%, кој е исто така доста понизок од државниот просек. За целата 2020 година компаниите од ТИРЗ оствариле извоз од 2,6 милијарди евра, додека увозот изнесува 2,2 милијарди евра и има пад од 14 проценти. Ова резултира во позитивен тренд во однос на нето извозот од +17%, односно поголема покриеност на узвозот со извоз во однос претходната година.

Истовремено инвеститорите во зоните до сега имаат и над 86% реализација на плановите за инвестиции, односно до сега се реализирани 305 милиони од предвидените 350 милиони евра според потпишаните договори. Деспотовски најави дека со новиот развоен концепт и мерки оние што побрзо ги реализираат инвестициите побрзо може да очекуваат целосна поддршка од Дирекцијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Туристичката берза веќе традиционално ги собира сите чинители од туризмот со иста цел - предизвици за развој на туризмот и дигитализацијата, а предвидена е и конференција за одржлив туризам.

Бектеши: Заеднички да работиме по завршување на кризата со пандемијата да го вратиме туризмот во нормала

Туризмот е една од најпогодените индустрии од  пандемијата, а заедничката цел и...

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

МТСП: Од утре почнува етапната исплата на февруарските пензии

Oд утре 25.02.2021 година, (четврток) почнува етапната исплата на февруарските  пензии....

Евроамбасадорот Дејвид Гир кажа дека претседавањето со ЦЕФТА на Македонија дава можност за значаен напредок во многу области.

Бектеши: Приоритетна цел на Македонија во претседавањето со ЦЕФТА ќе биде отстранувањето на пречките во трговијата

Министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорот на Европската Унија во Македонија,...

Премиерот Заев истакна дека оваа компанија од индустриската дејност, дури 97 проценти од производството го пласира на странскиот, главно европски пазар.

Заев во „ТАБ МАК“ Пробиштип: Се зголемува производството за извоз, пред нас е фаза на економски раст

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и заменик-претседателот...