Министерот ги покажа своите работни способности!

Објавил: Стојче Бушин | 24 февруари, 2020 15:55

ХИТ ВИДЕО: Министерот Трипуновски се качи на трактор и ораше нива

Фото/Текст извор: ©Magazin

Дополнителниот заменик-министер во министерството за земјоделие од ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски при посета во Струмица ги изненади земјоделците и покажа дека знае да работи на нива.

На прашање од земјоделецот дали како технички министер знае да ора и да вози трактор, министерот му одговори дека бил „дете од село“ и дека ги знаел сите земјоделски работи.

„Штом сте орале, штом знаете тија работи да ги работете, ќе ви дозволам да свретете еден круг“ – дополни земјоделецот, по што министерот го направи тоа.

Неодамна Благоја Илиев, градоначалникот на општина Конче од редовите на СДСМ, на својот фејсбук профил објави снимка од средба со дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, која брзо премина во расправија.

При неговата посета на Конче, го поканив Трипуноски да ја посети и нашата општина и заеднички да поразговраме за проблемите на земјоделците, но и за неговите обвинувања кон мојата мајка.

Поканата беше одбиена, но се сретнавме на улица“, се вели во објавата на Илиев каде е поставено и видеото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Ексклузивниот ресторан Камник е популарен по дивечот кој го имаат на менито, како што е гулаш од срна, колбаси од мечка а и добри вина од нивната приватна винарија.

ФОТО: Гулаш од срна или колбаси од мечка. Што ќе јадат Заев и Вучиќ во Камник?

По примопредавањето на вакцините на граничниот премин Табановце Зоран Заев и Александар...

Тој пред десет години се раздели од Адријана Алачки со која има две деца. Последниве шест години е во врска со новинарката Маријна Дојчиновска, познато лице од ТВ екраните.

Љубовта на Алачки: Марина за првпат проговори околу нивната врска

Горан Алачки е познат како музичар кој македонската музика ја промовира насекаде низ...

Тој ја сподели убавата вест на социјалните мрежи и го покажа златниот прстен со дијамант со кој ја запросил саканата, со емотивна порака.

Со златен прстен со дијамант Костадин ја запроси девојката

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов ја запроси својата девојка Марија...