Матурантите се идните носители во сите дејности во државата и токму затоа ние им ја даваме нашата поддршка.

Објавил: Перо Милчин | 1 февруари, 2021 20:35

Здравковски: Образованието е носечки столб на државата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес поднесе Предлог-Закон за измени и дополнување на Законот за средно образование. Имено, после средбата од пред два дена со дел од претседателството на Сојузот на средношколци на Република Македонија, и во согласност со можностите кои ни стојат на располагање, целосно ги поддржуваме и преку институциите ќе ги канализираме нивните барања.

Барања на средношколците се основани и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ќе им помогне наместо да го губат времето во бојкот и бирократски процедури кои траат премногу долго, да се смени законот и тие да можат да се насочат на учење.
Средношколската унија во Македонија, испрати барање до сите пратенички групи со кое предвидуваат олеснување на полагање на матурата, односно проектна задача и полагање на 2 предмети наместо 4 и тоа: мајчин јазик и уште еден, кој ќе биде соодветен за понатамошен упис на факултет, за оние кои планираат да го продолжат своето образование.

Со оглед на сите настанати околности како последица на КОВИД-19 пандемијата, со оглед на фактот дека учебната 2020/21 година почна со еден месец задоцнување, времетраењето на училишниот час од 30 минути, скратените наставни програми, немањето можност за вистинска пракса, немањето технички услови кај дел од учениците итн, сметаме дека овој дел може да се регулира со дополнување на законот за средно образование, каде ќе се дефинира бројот на предмети како и времетраењето на важноста на овој Закон.

Оттука ги повикуваме сите останатите пратенички групи, без разлика дали се од мнозинството или од опозицијата да го поддржат овој наш Предлог-Закон со што би им дале надеж на матурантите и нема да дозволиме да имаме уште една пропадната генерација поради неспремноста на системот.
Матурантите не бараат прашања од пониско ниво како што најавија од Државниот испитен центар, затоа што тоа е директно штетно влијание со намалување на квалитетот на образованието, туку бараат по примерот на Обединетото Кралство, Ирска, Франција, Белгија, кои ги укинаа испитите оваа година, токму поради состојбата во образованието во услови на КОВИД 19 пандемија, кај нас да се намали бројот на истите.

За брза реализација на овој чекор треба само добра волја и конечно, намалување на егоцентричноста и ароганцијата на Царовска и за доброто на образовниот систем да ги прифати сите пропусти, да почне со правење анализи и носење рационални решенија.

Образованието е носечки столб на државата. Матурантите се идните носители во сите дејности во државата и токму затоа ние им ја даваме нашата поддршка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Реков дека ДУИ има поставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка“, рече Ахмети

Ахмети за расколот во ДУИ: Без секого се може

Лидерот на ДУИ застана во одбрана на вицепремиерот Груби. Ден по писмото во кое 20 истакнати...

И таму има проевропски пратеници кои ќе гласаат за промените. Сега имаме 74 пратеници, 64 владината коалиција, 8 АА и 2 БЕСА, уште 6 ќе најдеме кај опозицијата. Контакти со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаме секој ден, дел од нив ќе гласаат, убеден сум, рече Груби.

Груби: Во контакт сме со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, дел ќе гласаат за уставните измени

Вицепремиерот Артан Груби во вчерашното гостување на ТВ 21 рече дека секојдневно имаат...

Тој не ја исклучи и можноста поранешниот заменик-министер за образование од СДСМ, Петар Атанасов, да биде дел од тимот што ќе го понуди ова движење

Максим Димитриевски најави учество на следните парламентарни избори, формира граѓанско движење

Движењето, според неговите најави, би се промовирало кога ќе се знае датумот за следните...

Според него, се потврдува од страна на Бугарите дека има апсолутно одвојување, дека постои македонскиот народ и македонскиот јазик и дека тоа е реалност и тие го прифаќаат тоа со овие уставни измени.

Груби: Расте проевропското крило во опозицијата кое ќе ги поддржи уставните измени

Уставните измени мора да се случат, бидејќи без нив Македонија е во регрес, во статус...