Овој додаток, кој е обезебеден преку пари од Светската банка здравствените работници ги добиле само за два месеци – март и април, но од тогаш немаат континуитет во исплатата.

Објавил: Владо Марин | 23 август, 2021 5:55

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ БОНУС НА ПЛАТА ЗЕМАЛЕ САМО ЗА МАРТ И АПРИЛ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Покачувањето на платите од 5 проценти на здравствените работници, како што го најави министерот за здравство, а кое всушност излезе дека е додаток на платата, доцни веќе неколку месеци.

Овој додаток, кој е обезебеден преку пари од Светската банка здравствените работници ги добиле само за два месеци – март и април, но од тогаш немаат континуитет во исплатата.

Од самостојниот синдикат на вработените во Клиничкиот центар ја потврдуваат информацијата за ТВ24.

Разочарување стигна и од унијата на медицински сестри од каде велат дека не знаат ниту кога и дали воопшто ќе ги добијат ветените средства.

Од Министерството за здравство не одговорија зошто не им го исплаќаат редовно додатокот здравствените работници, за кој што се обезбедни пари од Светската банка, но тврдат дека до 26-ти август ќе бидат исплатени сите заостанати бонуси од 5%.

„До 26ти август ќе бидат исплатени сите заостанати бонуси од 5% додаток на плата за вработените во здравствениот сектор, одеднаш. Почнувајќи од 2018 година постојано вложуваме во вработените во јавното здравство. Во споредба со декември 2017 година сега само основната бруто плата на лекарот специјалист е зголемена за повеќе од 50%, на медицинските сестри за 33%, на општите лекари за 29%, а на здравствените соработници за 15%, не сметајќи ги наградите“ – велат од МЗ.

Министерот за здравство уште на почетокот на годината најави дека од март ќе се покачи платата на здравствените работници за 5%. Но, наместо на плата, најавеното покачување за 5% – вработените во здравството го добија како бонус. Објаснувањето беше дека причината е поради тоа што парите се обезбедени преку кредит од Светската банка.

За ова реагираа дел од синдикатите кои порачаа дека ова не е покачување и бараат истото откако ќе бидат потрошени парите од кредитот да биде трансфомирано во трајно покачување на платите преку средства од буџетот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

– Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

Владата дозволи свадби на затворено, а од 15 ноември за влез ќе се бараат две дози вакцина

Владата на Македонија на вчерашната редовна 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка...

Членот на ДИК, Кренар Лога не се согласува со ваквата одлука и истата ја нарекува незаконска. За ова писмено ги известил и останатите членови, пренесе Алсат.

ДИК го смени Упатството и ќе признава за важечки и ливчиња без печат

ДИК на денешната седница го смени Упатството за важечки и неважечки ливчиња и сега...

Зошто АД МЕПСО не ја активирал ТЕЦ Неготино која е резерва за вакви случаеви на криза, а според законот е под негова надлежност и за тоа има финансиски издатоци спрема ТЕЦ Неготино како ладна резерва?

Куштрим Рамадани и Васко Ковачески мора да понесат одговорност за енергетската криза

Уште минатата година, Левица предупредуваше дека со ваква лоша кадровска политика...

Мицкоски посочи дека на СДСМ и на ДУИ им пречи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса и Алтернатива. Граѓаните сакаат коалиции со коишто ќе им се покаже иднината, а не да ги враќаат во минатото.

Со Села направивме коалиција за создавање иднина

„Не е поентата да се занимавате со политика и да делите. Поентата е да се занимавате...