Во исто време болниците се отворени и за болни кои имаат итни здравствени проблеми!

Објавил: Перо Милчин | 27 март, 2021 12:37

Здравството деновиве се соочува со најголемиот предизвик од почетокот на кризата, вели Филипче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик од почетокот на кризата, вели министерот Венко Филипче!

Состојбата во болниците е многу сериозна, но со добра реорганизација се оспособуваат нови оддели за хоспитализација на ковид пациенти.

Во исто време болниците се отворени и за болни кои имаат итни здравствени проблеми.

Услуите течат непречено за оние кои им е потребна брза лекарска интервенција, за хронични пациенти чија состојба се влошила, за прегледи на болни кои мораат да ја контролираат редовно здрвствената состојба,

Апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни овој период, а посебно младите да не се групираат кои значително повеќе се заразуваат во овој бран. Утрово го одржав редовниот состанок со директорите на ковид центрите. Уште еднаш им благодарам на сите здравствени работници кои несебично се вложија за заштита на здравјето на граѓаните од почетокот на кризата, вели Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Мизрахи: Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно, заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен

Мизрахи до Филипче: Заглавен сте до гуша со скандалот Онкологија

Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател...