Енвер Беџети

Објавил: Калина Мартинска | 10 декември, 2024 17:58

Здружение на судии: Ставањето на црната листа на САД на судија е сериозен удар за угледот на судската власт

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ставањето на „црната листа“ на САД на било кој судија е сериозен удар за честа и угледот на конкретниот функционер од судската власт, реагира Здружението на судии.  Оттаму повикаа на брзо разрешување на случајот.

„Имајќи го предвид значењето на етичкото однесување и интегритет на судиите кое треба да биде неприкосновено и во согласност, пред се со Уставот и Законите на нашата земја, но и согласно Меѓународните Закони и препораките на Европската унија и Соединетите Американски, држави како наши стратешки партнери, Здружението повикува на брзо разрешување на случајот, пред се заради зачувување на независноста и интегритетот на судската фела во земјата, велат од Здружението.

Врховниот суд преку соопштение попладнево информираше дека целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава.

– Во таа насока, а во врска со нотираната корупција, неопходно е приоритетно да се постапува во согласност со законите и институционалните надлежности што е клучно за интегритетот на судството, остварувањето на целите на правдата и јакнење на јавната доверба. Недозволиво е да се поткопуваат темелите на судската власт преку политички влијанија, притисоци и коруптивни дејствија,

За претседателката Давкова, името на судијата Енвер Беџети на црната листа претставува особена загриженост. Судот треба да биде синоним за почитување на правото и правдата. А токму неправдата создаде слаби институци, затоа се потребни итни реформи во судството, дополни таа.

Оставката на членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители е најморалниот чин и првиот чекор што треба да се направи. Довербата од 2 %  во овој сектор говори дали се креирал еден партизиран и политизиран под наводници судски систем, вели Давкова.

– Значи треба да се тргне не само од конкретниот случај, туку да се види навистина како сите во судскиот систем се нашле на определени позиции и тука не можам а да не кажам дека најголемиот дел од вината лежи во кого – во оние два најважни органи, тоа е Судскиот совет и Советот за јавните обвинители бидејќи многу пати сум рекла тие треба да бидат чуварот на независноста на судството. Тие треба да бидат филтерот. Тие треба да бидат лакмусот, тие треба да бидат микроскопот.

Името на судијата Беџети, стана познато во јавноста откако Судскиот совет утврди дека тој како судија известител, со месеци го чувал предметот „Таргет-тврдина“ во фиока. Судскиот совет му изрече дисциплинска мерка, а шест месеци добиваше 20 отсто помала плата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.