Не само ние како СДСМ, туку и граѓаните сакаат правда. Но, тоа што немаме правда не е по наша вина. Интегритетот на судиите е во прашање и затоа постои големо незадоволство.

Објавил: Перо Милчин | 19 февруари, 2020 7:37

ЗЕКИРИ: Телевизијата на Бојан Јовановски имаше симпатии кон политиките на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ние оставаме простор за сите партии, но две имаат пројавено интерес, не е тајна дека и БЕСА, но и ДПА сакаат да се обидеме да коалицираме пред избори, откако прво ќе видиме дали можеме да ги приближиме изборните програми“- изјави потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири во емисијата „Отворено“ на ТВ 24.

Зекири рече дека СДСМ е единствена партија што има капацитет на претстојните избори да оди во коалиција со некоја од албанските партии.

„Ние сме отворени кон сите партии. Исклучена е можноста да се коалицира со ДУИ, но затоа за прв пат во политичката историја може да се случи да имаме коалиција на СДСМ со партии од албанскиот блок.

Тој исто така зборуваше за Маршот за правда, на кој учествуваа 15.000 граѓани.

-Не само ние како СДСМ, туку и граѓаните сакаат правда. Но, тоа што немаме правда не е по наша вина. Интегритетот на судиите е во прашање и затоа постои големо незадоволство. Тие се неефикасни во носењето одлуки во водење на предметите. Зошто беше важен овој Закон за Јавно обвинителство? Прво, затоа што мораше да се спасат предметите на СЈО и истрагите кои се отворени. Сега предметите се живи, и истрагите се живи и конечно ќе може да се постапува. Истрагите кои што се отворени имаат и материјални докази и затоа сега е ред на правосудните органи- изјави Зеќири.

Тој рече дека премиерот е тој што го пријави случајот „Рекет”. Знаевме дека телевизијата на Бојан Јовановски имала симпатии кон политиките на СДСМ, но ако е виновен, ако погрешил пред законот ќе си одговара- рече Зеќири.

-Треба да ја истераме маглата во која некој сака да покаже дека сите сме исти. Од оваа власт немало никаков притисок врз судиите. Нам од раководството на партијата ни е укажано дека не смее ниту еден функционер на СДСМ да се јави кај кого било во судот и да интервенира. Ова е момент кога треба да докажеме дека не сме сите исти. Имавме пред некој ден ПИ- мерки за еден од обвинетите во „Рекет” и како тој имал средба со братот на премиерот и со еден адвокат. Но, власта не интервенирала, МВР не интервенирала, а министерот не можел да ги предупреди блиските луѓе на премиерот? Но, не сме го направиле тоа, ниту пак треба да го правиме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

ЛЕВИЦА: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран!

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески,...

Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Мицкоски со отворено писмо до власта: Заедно ќе ја победиме оваа битка, затоа што ја сакаме Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати отворено писмо по повод коронавирусот...

Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје.

Давкова со маска и ракавици во емисија: Мојот начин на заштита бил пропаганда, сум била смешна!

Вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова гостуваше во ТВ Алфа каде што зборуваше...