Некогаш замислен како решение за балканските тензии, процесот кон ЕУ денес ретерира во точка на спојување помеѓу европските и балканските дегенеративни процеси.

Објавил: Сара Фемина | 3 октомври, 2019 17:19

ЗЕКОЛИ: „Ниту на Брисел и Вашингтон не им е гајле какви се реалните состојби во Македонија и Албанија„

Фото/Текст извор: ©дојче веле

Кому му е гајле за реалните состојби? Единствено битно е владите во Скопје и Тирана да добијат предизборно пусулче, а Брисел и Вашингтон да си добијат барем една добра вест во морето од сивило. 

Кога состојбите беа можни да се менаџираат, беа запоставени. Сега, кога се целосно вон контрола, со огромно задоцнување употребуваме лекови кои порано ќе можеа да ги излечат состојбите.

Оваа стара мудрост на Винстон Черчил прецизно ја отсликува есенската реприза на летната драма околу „Бриселе, дај му на Балканот“ препорака. Она што некогаш имаше тежина на кредибилен квалификатив на реален прогрес, она што доскоро беше сметано како најмал заеднички именител во кој се поклопува оценката на граѓаните за себе и бриселските оценувачи за нас, на крај се пресвртува во геополитичка „кванташијада“ оптоварена од кусогледост, предрасуди и предизборни калкулации.

Некогаш замислен како решение за балканските тензии, процесот кон ЕУ денес ретерира во точка на спојување помеѓу европските и балканските дегенеративни процеси.
Телеграфски кажано, ниту на Скопје и Тирана, ниту на Брисел и Вашингтон не им е ама баш воопшто битно какви се реалните состојби во Македонија и Албанија. И тоа Амбасадор Брнс сликовите го илустрира со изјавата за Македонија како „пример како треба да функционира една држава”. Единствено битно е владите во Скопје и Тирана да добијат предизборно пусулче, а Брисел и Вашингтон да си добијат барем една добра вест во морето на сивило и тмурност во кое се потонати до гуша. По ѓаволите со метастазата на криминал и корупција, по ѓаволите со колапсот на правниот систем, со комплетната партизација на сѐ и сешто, по ѓаволите со жедта на младите да избегаат од дома, битно е за наше добро да поверуваме дека сме спремни за преговори. Стандардите се и онака аут.

Напуштање на клучниот предуслов
Во сенка на таквите балканско-европски бирократски успешности веќе се одвива напуштањето или отфрлањето на клучниот предуслов на Брисел за прием на нови членки без билатерални спорови. Навистина, согласно духот на Брисел и Вашингтон за решавање на спорови преку изнудување потписи од страна на истрошени лидери, логично е да се утврди дека тој проблем е надминат. Но како што во рок од неколку дена можевме да дознаеме низ редица изјави од Атина, Софија, Скопје и Тирана, неизбежен е заклучокот дека и покрај сите помпозни свечености на потпишувања, ѓаволот сѐ уште тлее во деталите на договорите. Криејќи се до следната недела и кајзерсозевски убедувајќи нѐ дека не постои. Дека го нема. Иако е помоќен од кога било досега.
Предусловот за немање билатерални спорови е надминат, велат засегнатите. И тоа е релативно точно, но само во однос на билатералноста. Која отстапува пред новиот момент во регионот, а тоа е интерконекцијата на спорови во кои секој билатерален спор веќе еволуира во комплицирана мрежа на спорови, со заемни причинскоо-последични подземни реперкусии. Изјавите од официјална Софија со кои самопрекорно се споредува Софискиот со Грчко-Македонскиот Договор е само површна илустрација на таквата новост во регионот. Изјавите на Ципрас со кои целеше да го продаде Преспанскиот пред грчката публика како одбрана од Турција или Голема Албанија е надополнување на таа нова реалност, подеднакво како и неговиот страв да се произнесе за славјанското малцинство во неговата земја. Одбивањето на Дитмир Бушати да земе учество во пазарењата околу Чамерија, Јужна Албанија и Косово беше платено со губење на министерството, но и со нови согледувања на улогата на Еди Рама од страна на Приштина. И на крај, се разбира, нашата поставеност во однос кон Софија, во која „македонските политици се добри Бугари сѐ додека не се отвори прашањето на Договорот” (Каракачанов), а односот кон Гоце Делчев сѐ повеќе наликува на сказната за царот Соломон и двете мајки на исто дете. А притоа, како што најавува Захариева, допрва треба да се отворат најтешките страници од историјата на Македонија и Бугарија. Во кои, барем како фусноти, се засегнати и Грција, и Турција, и Србија и Албанија.
Помпео и православните цркви
Билатералните спорови во регионот полека еволуираат во опасна состојба на измешани триаголници на заемни поврзаности, проследени од напорите на Брисел, Вашингтон и Брисел од нив повторно да создадат некаква усогласена Југо-Петокрака или Давидова Ѕвезда. И доколку мислите дека оваа состојба е презамрсена, прекомплицирана, вдишете длабоко и потсетете се дека допрва следи разрешувањето на прашањето на автокефалноста на МПЦ, таа клучна невралгична точка на односите помеѓу Скопје, Атина, Софија и Белград.
Не е некоја мистерија дека претстојната посета на државниот секретар Мајк Помпео е во добар дел вперена кон напорите за разрешување на статус квото околу православните цркви во Црна Гора и Македонија, по урнек на неодамнешното прогласување на автокефалност на црквата во Украина. Средбата во Ватикан со папата Франциско и учеството во „Форум за партнерство со верските организации”, изборот на Охрид како дестинација, нагласувањето на „улогата на православната црква во регионот и нејзината манипулација од страна на некои актери“, како и престојот во Атина, се јасни индикатори за целта на посетата на Помпео, инаку евангелистички протестант како што нагласуваа европските новински агенции. Таргетираната посета на Помпео ја разјаснува и причината за заобиколување на Албанија (каде православната црква е предводена од грчи свештеникк) и Србија (блискоста со Руската православна црква и негирањето на МПЦ). И на крај, подвлекувањето на Бугарија од страна на портпаролот на Стејт Департментот како земја „која заслужува вистинско вреднување”. Во продолжение, таа интерконекција добива уште повеќе на значење низ внимателно избрани зборови и квалификативи, како и оценката дека „договорот за пријателство помеѓу Северна Македонија и Бугарија беше битен момент во придвижување напред на процесот од Преспа, и Охрид кој бил центар долго пред ерата на нации-држави … Битна историска клучка која го повлекува значењето на верските слободи. Затоа летот од Охрид кон Атина ќе биде значаен момент”. Дигресија! Со оглед на кажаното, ќе биде одлучувачки момент.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Неофицијално дознавам дека има луѓе во Собранието, од владејачкото мнозинство, кои се со намера законот итно да го вратат во Владата.

Решавај ти Европо за датумот, важно ние да си донесеме закон за дроги – и тоа со европско знаменце!

Ја знаете онаа народната – село гори, баба се чешла? Е нашава баба баш и не се чешла,...

И, тука би ја затвориле историската читанка и потсетување на чистите факти. Заклучок е дека за државата Македонија се бореле, заедно, и комунисти, и социјалисти и вмровци

ЛАТАС: “ЗОРАН ЗАЕВ со пенкало, избриша сопствена нација, историја и држава”

Еве, деновиве вадиме десет месеци од погребувањето на Македонија, на 11 јануари со колективно...

Лично мислам дека тука нема прекршување на законот, но таа нејзина одлука е неетична и е во духот на „началникувањето“ во политиката, феномен против кое заеднички се бунтувавме.

Геровски: „Началничке“, те послуша ли Фатмир?

Разбирам зошто Радмила Шеќеринска во 2013 година имала потреба да инсистира членовите...