Денес унгарскиот национален центар за јавно здравје одобри употреба на руска вакцина против коронарниот вирус Спутник V во таа земја, објави унгарскиот министер за човечки ресурси, Миклош Каслер.
Како што наведе во објава на Фејсбук, Центарот ја заврши официјалната проценка на вакцината Спутник В, во која беше заклучено дека ги исполнува стандардите за квалитет и може да се користи на луѓето.
Така, во Унгарија, вакцината Спутник V е одобрена за употреба, по вакцините на компаниите Фајзер / Бионтек, Модерна и АстраЗенека. Сега имаме четири вакцини за борба против вирусот корона”, напиша Каслер, пренесува Тасс.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно објави дека земјата може да потпише договор за набавка на кинеска вакцина против коронавирусот, откако Агенцијата за лекови ја одобри вакцината Синофарм на крајот на јануари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.