Украинскиот претседател Володимир Зеленски времено ги суспендира условите за влезна виза за сите странски државјани кои се подготвени да се приклучат на украинската Меѓународна одбранбена легија и да се борат на страната на Украина против руската инвазија.
Указот на Зеленски ќе стапи во сила од денеска и ќе остане во сила се додека е прогласена вонредната состојба.
Повикот за странски доброволци доаѓа откако руските сили извршија ракетни напади во кои се убиени десетици цивили во Харков и откако Русија ги обнови нападите врз главниот град Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за примена на специјални економски мерки против САД и земјите што им се приклучија, како одговор на санкциите воведени против Русија поради агресијата врз Украина.
Уредбата предвидува учесниците во надворешноекономската дејност да продадат 80 отсто од девизните средства добиени од странство од 1 јануари годинава.
Правилото важи и за средствата кои се веќе акумулирани, тие мора да се продадат во рок од три дена.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.