Едноставната анимација создадена од научникот Џејмс О'Доног целата акција ја става во перспектива.

Објавил: Сара Фемина | 19 октомври, 2019 16:31

Земјата патува низ вселената со 2.000.000 километри: ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДA ТОА(видео)

Фото/Текст извор: ©факултети

Не можеме да го почувствуваме тоа, но низ вселената „шетаме“ со брзина од 2 милиона километри на час. Тоа е така затоа што Земјата орбитира околу Сонцето, а тоа орбитира околу центарот на галаксијата која поминува низ космички ветер на зрачење ослободен за време на Големата експлозија.

Едноставната анимација создадена од научникот Џејмс О’Доног целата акција ја става во перспектива.

– Луѓето често зборуваат за тоа како стоиме на круг (Земјата) што ротира со голема брзина, и дека оваа топка кружи околу друга со уште поголема брзина. Понекогаш тоа се проширува на тоа колку брзо орбитираме околу центарот на нашиот Млечен Пат – објаснува Џејмс, кој работел во НАСА, но сега е вработен во Јапонската агенција за истражување на вселената или JAXA.

– Поради сета забуна со големите броеви и насоки, едноставно сакав да ги ставам сите тие информации во контекст во една рамка за луѓето да разберат каде одат и колку брзо одат – додава тој.

Најстарата светлина во вселената наречена вселенска микробранова заднина/Фото: Planck/ESA

На левата страна од анимацијата броевите ја индицираат брзината на ротацијата на Земјата, нејзиното орбитирање околу Сонцето, орбитирањето на Сончевиот Систем околу центарот на Млечниот Пат и галаксијата што поминува низ вселената. Точките што се движат на десната страна од анимацијата покажуваат колку брзо секој објект поминува 150 километри.

Како што можете да видите, ротацијата на Земјата е релативно бавна, додека Млечниот Пат патува низ вселената со брзина од 600 километри во секунда.

Постојат многу галаксии што се движат со различна брзина во однос на нашата, па Џејмс одлучил да го прескокне чекорот и директно да оди на најголемото очигледно нешто што се движи – космичката микробранова заднина. Станува збор за слабо зрачење што останало од Големата експлозија што ја исполнува целата вселена.

– Мерењата покажуваат дека космичката микробранова заднина доаѓа од една насока, како ветрот – вели Џејмс. Но, бидејќи сето тоа се движи, брзината е релативна. Иако Земјата кружи околу Сонцето при 107.000 километри на час, а Сонцето орбитира околу Млечниот Пат со 828.000 километри на час, брзината на нашиот Сончев Систем во однос на космичката микробранова заднина е околу 1.331.000 километри на час. А целата наша галаксија поминува низ космичката микробранова заднина со брзина од околу 2 милиони километри на час.

Секако, во секојдневниот живот на Земјата не забележуваме дека се движиме толку брзо. Како што Илон Маск рече на „Твитер“, видеото јасно дава до знаење дека можете да го почувствувате само забрзувањето, а не и брзината. Поточно, можете да ги почувствувате само промените во брзината. Кога сте во автомобил, иако возите со брзина од 80 километри на час, не го чувствувате движењето. Секако, можете да го гледате светот низ прозорецот од автомобилот, исто како што астрономите ги набљудуваат движењата на Земјата гледајќи во небото. Но, брзината ќе ја забележите дури кога некој ќе притисне на кочницата или гасот.

Затоа не ја чувствуваме ротацијата на Земјата или движењето на Сончевиот Систем. Тоа се константни работи. Но, и релативни, како што прикажува анимацијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија