Епицентарот на овој земјотрес се наоѓал на длабочина од 25 километри.

Објавил: Владо Марин | 13 септември, 2020 0:54

ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,1 СТЕПЕН ЈА ПОТРЕСЕ АЛБАНИЈА: Се почуствувал и во Црна Гора!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во 18 часот и 46 минути сеизмолошкиот оддел на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрирал помал земјотрес со епицентар на 16 километри источно од Медова (Албанија)!

Јачината на овој земјотрес во епицентарот беше 4,1 степени според Рихтеровата скала, што одговара на епицентрален интензитет од IV-V степени од Меркалиевата скала (МЦС).

Епицентарот на овој земјотрес се наоѓал на длабочина од 25 километри.

Над 50 жртви, уништени 6000 домови, отселување, вознемиреност, страв, се последиците од силниот земјотрес кој го погоди дел од Балканскиот полуостров на 26 ноември 2019 година, со епицентар во близина на Драч Албанија.

Земјотресот се почувствувал во Улцињ, Бар, Петровац, Подгорица, Плав…

Според Сеизмолошкиот институт на Црна Гора, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.

На 26 ноември, утрината околу 3.55 часот земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди крајбрежјето на Албанија после што следеа повеќе стотици потреси, вклучувајќи и три појаки од 5 степени.

Според неофицијални податоци 50 лица загинаа, а повеќе од 2.000 беа повредени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...