Силен земјотрес ја погоди Македонија

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јануари, 2022 5:28

Земјотрес од 5.5 степени по Рихтер со епицентар во Лерин почувствуван во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин

Вечерва во Скопје се почувствува серија верижни земјотреси. Земјотресот силно се почувствува и во Битола и други делови во Македонија.

Околу 22.43 часот почна да тресе и за една минута чувството беше дека се случија уште најмалку уште два земјотреса!

Според Европската сеизмолошка опсерваторија, епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,8 степени бил во Грција, на 5 км североисточно од Лерин. Кусо по првиот следеле и уште два послаби потреса од 3,5 и 4,2 степени.

Битолчани вознемирени излегоа на улиците, во некои куќи има и испукани ѕидови во собите. Засега нема извештаи за штети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...