Како што е соопштено нема повредени и не е причинета голема материјална штета.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 мај, 2019 18:33

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според рихтер го погоди Ирак !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што пренесе Геолошкиот институт во САД, земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди областа 70 километри југоисточно од ирачкиот град Сулејмание.

Епицентарот на земјотресот се случил во пограничната областа на Ирак, на 10 километри под површината на земјата, наведе Ројтерс.
Како што е соопштено нема повредени и не е причинета голема материјална штета.

Ирак се наоѓа во Блискиот Исток и со 437.072 километри квадратни Ирак е 58 најголема држава во светот. На север Ирак се граничи со Турција, на запад со Сирија, Јордан и Саудиска Арабија, на југ со Кувајт и Саудиска Арабија, а на запад се граничи со Иран. На југозапад државата излегува на Персискиот Залив. Ирак е втора земја во светот по резерви на нафта, веднаш за Саудиска Арабија.

Ирак е составен воглавно од пустина, но во близина на реките Тигар и Еуфрат има плодна почва погодна за земјоделство и сточарство. Северниот дел од државата воглавно е составен од планини, каде највисокиот врв има 3.611 метри, кој на картите нема име а локално се нарекува Чека Дар. На југ Ирак има мал брег кој има само 58 километри. Покрај брегот имало мочурливи површини, но истите биле исушени во 1990-те.
Климата во Ирак е пустинска, со сушни и ладни зими и суви, топли лета. Северниот дел има понекогаш нешто поладни периоди кога има и снег.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.