Земјотресот беше почувствуван од населението во Струмица, Валандово и околината, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јули, 2019 23:35

ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Почувствуван во Струмица и Валандово!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вечерва регистриран земјотрес во Македонија, чиј епицентар се наоѓа на 120 км југоисточно од Скопје.

Вечерва во 21 часот и 17 минути сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 120 км југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.

Земјотресот беше почувствуван од населението во Струмица, Валандово и околината, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, а имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.8.

Исто така земјотрес со интензитет од 3,8 степени по Рихтеровата скала во 2,21 часот, минатиот месец беше почувствуван во охридското епицентрално подрачје.
Според Европската макросеизмичка лабораторија, епицентарот на земјотресот беше во непосредна близина на охридскиот аеродром, во атарот на село Оровник, два километри под земјината кора.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Земјотресот го регистрираше Сеизмолошкиот институт на Црна Гора 15 минути по полноќ, а епицентарот се наоѓа на 18 километри јужно од Медова.

АЛБАНИЈА ПОГОДЕНА СО НОВ ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,2 СТЕПЕНИ: СЕ ТРЕСЕ И ЦРНА ГОРА

Новиот земјотрес кој беше регистриран во Албанија со јачина од 4,2 степени по Рихтер,...

Хрватската владата денеска донесе одлука да испрати хеликоптер на хрватската армија во Албанија, која беше погодена од серија моќни земјотреси.

СУПЕР ХЕРОИ: Хрватските кучиња трагачи се приклучија во спасувачката акција во Албанија

Кучиња трагачи од Хрватска со хеликоптер вечерва полетаа кон Албанија за да се приклучат...

После силниот потрес кој се случи во 3:54 часот следуваа серија од десетина потреси но со помал интензитет, меѓу третиот и четвртиот степен според Рихтеровата скала.

АЛБАНИЈА ВО ПАНИКА ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦА: Силен земјотрес во ДРАЧ урна зграда, има повредени(ВИДЕО)

Пристанишниот град Драч во Албанија кој утрово беше погоден од земјотрес со јачина...