Живот
Земјотрес
Силен земјотрес попладнево го погоди регионот на Западен Балкан.
Епицентарот беше во Јадранско море кај Драч на длабочина од 10 километри, а сериозно се почувствува и во С. Македонија.
Според мерните инструменти на Евоврпската сеизмичка опсерваторија, силината на потресот беше со интензитет од 5,8 степени по Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес во 16.05 часот е со епицентар во Драч, со интензитет од 5,8 степени според Рихтер и на длабочина од 10 километри во Јадранското Море. Петнаесет минути подоцна исто така во Драч, Албанија, на оддалеченост од 7 километри североисточно, регистриран е уште еден силен потрес со јачина од 5,5 степени.
Два земјотреса со магнитуди од 5.8 и 5.5 степени по Рихтер во период од петнаесетина минути се случија попладнево во близина на Драч, Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а беа почувствувани и во нашата земја.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Земјотрес
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.