„Сѐ уште е на клиника. Сѐ уште има испитувања. Малку е подобрена состојбата. Се надевам ќе биде подобро. Чекам писмено од докторите да добијам за да видиме точна дијагноза“, вели адвокатот Трајковски за „А1он“

Објавил: Мате Парлоф | 22 јуни, 2022 15:48

Зеќири половина месец се лекува на Инфективна, адвокатот: Здравјето му е сериозно нарушено

Фото/Текст извор: ©a1 on

Половина месец траат испитувањата и лекувањето на ексгенералниот секретар Мухамед Зеќири на скопската Инфективна клиника.

Тој од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари беше итно пренесен на клиниката. Адвокатот Александар Трајковски дел од адвокатскиот тим посочува дека состојбата му е малку подобрена, но здравствените компликации и натаму се присутни. Точна дијагноза, адвокатите, се уште не добиле!

„Сѐ уште е на клиника. Сѐ уште има испитувања. Малку е подобрена состојбата. Се надевам ќе биде подобро. Чекам писмено од докторите да добијам за да видиме точна дијагноза“, вели адвокатот Трајковски за „А1он“

Тој тврди дека Зеќири е со сериозно нарушено здравје. Трајковски посочува: „Некои од здравствените проблеми ги имаше, други се појавија во затворот. Комуникацијата со него стана тешка, беше под седативи“.

„Реално здравјето му е стварно нарушено. Јас и во притворот кога го посетував и таму имаше лекарски проверки. Има висок притисок, проблем со желудникот, но не можам да дефинирам бидејќи ги немам извештаите на докторите“, посочува Трајкоски за „А1он“.

Засега е неизвесно кога Зеќири ќе добие пуштен од болничко лекување. Во меѓувреме, се чека и седница на Апелација која ќе треба да одлучи дали ексгенералниот секретар ќе остане во притвор, ќе добие поблага мерка или ќе бидат укинати сите мерки за обезбедување присуство.

Меѓу причините со кои се бара укинување на ефективниот притвор е тоа што Зеќири тврди дека секогаш соработувал со органите на прогонот, има фамилија, дека ако сакал да бега имал година и половина за тоа, дека не може да влијае на сведоци кои и за скопското Обвинителство се непознати. За тврдењето на Обвинителството дека Зеќири може да избега бидејќи родителите на неговата сопруга живеат во Германија, осомничениот кажа: „Тие живеат со нас, во Македонија, не се во Германија“.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Дента кога му беше одреден притвор, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...