Зеќири стана татко по трет пат.

Објавил: Владо Марин | 24 февруари, 2020 10:30

ЗЕЌИРИ СТАНА ТАТКО: Се роди Далиа Нани Зеќири- му благодариме на господ што го израдува нашето семејство (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пратеникот од редовите на СДСМ Мухамед Зекири стана татко по трет пат. Неговата сопруга на свет донесе девојче на кое му го дадоа името Далиа Нани Зеќири.

Благодарни сме Господе што на овој ден, 24.02.2020, нè израдува со ќеркичка ❤️❤️❤️🤲🏻🤲🏻🤲🏻
На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 г.

Сопругата на Мухамед Зекири, Бисера на свадбата беше во блажена состојба. Од претходниот брак Зекири има две деца.

Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство.

Се молиме Господе оваа радост која ние ја почувствувавме денеска, да ја почувствуваат и сите оние парови кои посакуваат да имаат деца!!!
Амин, пишува Зеќири. 🤲🏻🤲🏻🤲🏻

Пратеникот Мухамед Зекири неодамна стапи во брак со поранешната директорка на телевизијата „Алсат М“, Бисера Јордановска.

Кум на свадбата беше премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева.

На свадбената прослава присуствувале и блиските пријатели на Зекири и Јордановска, меѓу кои бројни новинари и функционери на СДСМ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.